Украина добива француски борбени авиони „Мираж“ – потврди претседателот Макрон. Франција ќе овозможи и обука на украинските пилоти.
-
Свет 07.06.2024 13:50
-
Свет 07.06.2024 12:21
Експлозија во трговски центар во Романија, најмалку 13 повредени
Најмалку 13 лица, од кои едно потешко се повредени при експлозија што се случи во трговски центар во Ботошани на североистокот од Романија.
-
Свет 07.06.2024 09:36
Реакции по нападот на училиште во Газа
Шефот на палестинската агенција на ООН Лазарини го обвини Израел дека не ги предупредил за нападот врз училиштето во Нусејрат во кој загинаа десетици цивили, меѓу кои и деца.
-
Свет 07.06.2024 09:05
В недела нови парламентарни избори во Бугарија
Бугарите в недела гласаат на нови, шести по ред предвремени парламентарни избори во последните три години. Аналитичарите велат, шансите за стабилна коалиција што може да стави крај на долгиот период на политичка нестабилност се мали.
-
Свет 07.06.2024 08:24
Бајден нема да го помилува син му ако биде осуден
Американскиот претседател Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.
-
Свет 07.06.2024 08:21
Жестоки борби на целата линија на фронтот во Украина
Руските сили ја напаѓаат украинската армија на речиси целата линија на фронтот, концентрирајќи ги своите сили на правците Купјанск и Покровски во харковската област-соопшти украинскиот Генералштаб.
-
Свет 07.06.2024 08:16
Реакции по израелскиот напад врз училиште на УНРВА
Шефот на палестинската агенција на ООН Лазарини го обвини Израел дека не ги предупредил за нападот врз училиштето во Нусејрат во кој загинаа десетици цивили, меѓу кои и деца.
-
Свет 06.06.2024 21:26
Тројно убиство во Србија
22-годишник со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, Србија.
Младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.
-
Свет 06.06.2024 20:34
Французин уапсен во Русија поради шпионажа
Француски државјанин осомничен за собирање воени информации е приведен во Москва, соопшти денеска Истражниот комитет.
-Во Москва е приведен државјанин на Република Франција, осомничен дека собирал информации од воените активности на Руската Федерација, соопшти одделот.
-
Свет 06.06.2024 18:49
Маж во Мексико почина од нов вид на птичји грип
Светската здравствена организација (СЗО) ја потврди првата смрт на човек заразен со поттипот на птичји грип H5N2.
Тоа е исто така првиот случај на инфекција од птичји грип во Мексико.










