Жестоки борби се водат во регионот на Доњецк, соопштија украинските власти. Русија извршила напад со беспилотни летала, а украинските власти изјавија дека системите за противвоздушна одбрана собориле 89 дронови.
-
Свет 01.08.2024 09:07
-
Свет 01.08.2024 09:04
ЕУ и ООН повикуваат на воздржаност, по убиството на водачот на Хамас
По убиството на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије, иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи рече дека одмаздата на Тел Авив е должност на Техеран.
-
Свет 31.07.2024 20:10
Иран го крена црвеното знаме на одмазда
Црвеното знаме на одмаздата беше подигнато во Иран, по ликвидацијата на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, црвеното знаме се веело над куполата на џамијата Џамкаран.
-
Свет 31.07.2024 19:27
Голем пожар во Рим, зградата на РАИ и астрономската опсерваторија евакуирани
Голем пожар денеска избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.
Улиците во областа се затворени, а голема црна колона чад е видлива над градот, пренесува АНСА.
-
Свет 31.07.2024 19:14
Новинар и снимател на Ал Џезира загинаа во израелски напад врз Газа
Телевизијата Ал Џезира со седиште во Доха во средата објави дека нејзиниот известувач Исмаил ал-Гул и снимателот Рами Ел Рифи биле убиени во израелски напад врз градот Газа.
Сè уште не се достапни детали за околностите на нивната смрт.
-
Свет 31.07.2024 18:28
Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во таа зафатена од војна енклава наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки.
-
Свет 31.07.2024 17:46
Харис: Ќе нема забрани за абортус
Во пол ек претседателската кампања во САД. Ставовите за абортусот во фокусот. Демократите поддржуваат, републиканците со ограничување по ова прашање.
Игор Стефановски известува од „Гласот на Америка“.
-
Свет 31.07.2024 12:07
Русија ја почна третата фаза од тактичките нуклеарни вежби
Русија ја почна третата фаза од вежбите за обука на распоредување на тактичко нуклеарно оружје.
-
Свет 31.07.2024 10:32
22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, по убиството на трите деца
Полицијата во англиската област Мерсисајд соопшти дека 22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, што избувнаа откако три девојчиња беа избодени до смрт, а пет деца беа тешко повредени на детски час по танцување и јога во овој приморски град.
-
Свет 31.07.2024 09:41
Убиен Исмаил Ханије лидерот на Хамас
Ликвидиран Исмаил Ханије – политичкиот лидер на палестинската екстремистичка група, потврдуваат од Хамас. Според нив, Ханије е убиен во израелски воздушен напад во неговата резиденција во Иран. Престојувал во Техеран за инаугурацијата на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пазешкијан.










