Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Младеновац во 14 часот и 40 минути.
Земјотресот се случил на длабочина од 2 километри,
Нема информација за штети во епицентралното подрачје.
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Младеновац во 14 часот и 40 минути.
Земјотресот се случил на длабочина од 2 километри,
Нема информација за штети во епицентралното подрачје.
Топлотниот бран што зафати делови од Европа предизвика пожари во соседна Албанија. Најмалку 23 пожари избувнале главно на југот на земјата во последните 24 часа, соопшти албанското Министерство за одбрана.
Изобилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во југозападна Кина. Најмалку шест лица загинаа, а многу луѓе се принудени да се евакуираат. Спасувачите ги засолнија на безбедно жителите кои беа заробени во зградите во приградските ниски области.
Израелските воени операции во градот Газа продолжуваат додека течат разговорите за прекин на огнот. Израелската војска ги повика Палестинците да го напуштат градот Газа и да се упатат кон југ.
29 години од геноцидот во Сребреница. Денеска Ден на жалост во босанско-херцеговскиот ентитет на Федерацијата во чест на одбележување на годишнината од геноцидот. Советот на министри не постигна договор за одбележување на целата територија на земјата.
Поддржувачите на боливискиот претседател Луис Арсе и поранешниот претседател Ево Моралес се судрија пред Изборниот трибунал додека претставниците на партијата разговараа за временската рамка за изборот на судии.
Ракетните напади меѓу Русија и Украина од двете страни продолжуваат со несмалено темпо. Рускиот пограничен регион Белгород повторно е мета на украински ракети. Локалните власти тврдат дека едно лице загинало, а седум се повредени.
Обединетите нации алармираат дека многу малку помош добиваат Палестинците од граничниот премин Керем Шалом поради беззаконието, тековните борби и недостатокот на ефикасна координација со израелските сили во Газа.
Поддршката за Украина во справувањето со руската инвазија не претставува милосрдие, туку инвестиција во безбедносниот интерес на НАТО, порача денеска генералниот секретар на Алијансата во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет во рамки на Самитот на Пактот во Вашингтон.
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на три жени во Хертфордшир е уапсен денеска во северен Лондон.
Полицајците по опсежна потрага го пронашле Кајл Клифорд (26), а како што се наведува во соопштението на вооружените сили при апсењето не бил испукан ниту еден истрел.