• Свет 17.07.2024 09:17

    Парагвај заплени повеќе од 4 тони кокаин

    Парагвај заплени повеќе од 4 тони кокаин во вредност од 240 милиони долари, скриен во пратка шеќер наменета за Белгија.

  • Свет 17.07.2024 09:15

    Жестоки борби на фронтот во Украина

    Жестоки борби на фронтот во Украина. Продолжува и битката со дронови на двете страни. Русија не бара трета светска војна. Западот да ги отстрани санкциите кон Москва доколку сака деескалација, порача шефот на руското МНР од седницата на Советот за безбедност на ООН.

  • Свет 17.07.2024 09:00

    Земјите од регионот прогнозираат намалување на топлотниот бран

    Земјите од регионот прогнозираат дека полека попушта влијанието на топлотниот бран, од петок се најавува посвежо време. Црвен метеоаларм изминатата недела беше издаден во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, како и делови од Хрватска.

  • Свет 16.07.2024 20:41

    По обидот за атентат, Трамп побогат за милијарда долари

    Богатството на поранешниот претседател Доналд Трамп се зголеми за повеќе од милијарда долари бидејќи акциите на „Трамп медија“ пораснаа по обидот за атентат, објави магазинот „Форбс“.

  • Свет 16.07.2024 13:58

    Роберта Мецола е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент

    Роберта Мецола, политичарка од Европската народна партија, е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со апсолутно мнозинство, односно 562 гласа.Нејзината противкандидатка, Ирене Монтеро од групата Левица, доби 61 глас.

  • Свет 16.07.2024 12:25

    Зеленски планира втор мировен самит за Украина

    Се наѕира ли почетокот на крајот на војната во Украина? Најверојатно е прерано за долгоочекуваниот мир, но Зеленски се одважи да ја покани Русија на следниот самит во ноември.

  • Свет 16.07.2024 12:15

    САД го зафати силно невреме

    Силно невреме зафатени делови на САД. Торнадо ги погоди Ајова, Илиноис и Индијана, оставајќи повеќе од 460 илјади домови и бизниси без струја.

    Во Чикаго утринава беше издадено предупредување за поплави.

  • Свет 16.07.2024 12:05

    Црвен метеоаларм во земјите од регионот

    Земјите од регионот сè уште се под влијание на топлотниот бран. Црвен метеоаларм во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, како и делови од Хрватска. Пожарите во Албанија веќе трета недела беснеат. Пламените јазици се движат кон север, соопшти во Министерството за одбрана.

  • Свет 16.07.2024 09:36

    Трамп со мнозинство гласови е номиниран за републикански кандидат за претседател

    Два дена откако преживеа обид за атентат, поранешниот претседател Доналд Трамп освои мнозинство гласови од делегатите на Националната конвенција на Републиканците во Милвоки за кандидат за претседател. Конвенцијата почна под засилено полициско обезбедување.

  • Свет 16.07.2024 09:20

    Конститутивната седница на Европскиот парламент

    Пратениците во новиот 10-ти состав на Европскиот парламент денес во Стразбур ќе одржат конститутивната седница на која треба да ги изберат претседателот и потпретседателите, а потоа да гласаат за изборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската Комисијата за вториот мандат.

Pages