• Свет 01.06.2024 16:48

    Министрите за одбрана на Кина и САД разговараа за Тајван, Украина и за Газа

    Министрите за одбрана на САД и Кина, Лојд Остин и Донг Јун имаа средба на годишниот Азиски форум за одбрана и безбедност во Сингапур.

  • Свет 01.06.2024 15:33

    Масовен руски напад врз Украина, погодена енергетската инфраструктура

    Жестоки руски напади врз критичната инфраструктура во Украина. Оштетени се енергетски објекти во пет региони во земјата. Украинската противвоздушна одбрана тврди дека соборила над 80 крстосувачки ракети и повеќе од 40 беспилотни летала.

  • Свет 01.06.2024 12:08

    Германија го олесни влезот на работници од земји надвор од ЕУ

    Во Германија од денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земјите надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до 1 година, под услов да се исполнат одредени критериуми.

  • Свет 01.06.2024 11:51

    Последна фаза од изборите во Индија

    Индијците гласаа во последната фаза од долготрајните општи избори, кои се одржуваат во време на рекордни летни горештини. Повеќе од 100 милиони луѓе имаа право на глас во осумте држави и сојузни територии.

  • Свет 01.06.2024 10:34

    Претставен трифазен предлог за примирје

    Се гледа ли светло на крајот на тунелот? Меѓународната заедница го поздрави предлогот за прекин на огнот во Газа. Израелскиот план во три фази што го претстави американскиот претседател Бајден треба да стави точка на конфликтот.

  • Свет 01.06.2024 10:12

    Голем руски ракетен напад врз Украина

    Русија во текот на ноќта извршила најжестоки воздушни напади врз Украина во последните неколку месеци, објавуваат украинските медиуми, повикувајќи се на извори од украинската армија. Нападите биле насочен кон критичната инфраструктура во неколку украински региони.

  • Свет 01.06.2024 10:07

    Трамп собра над 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако беше прогласен за виновен

    Републиканскиот кандидат Доналд Трамп собрал над 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи.Тоа се повеќе од два милиони долари на час, соопштија советниците во кампањата на Трамп.

  • Свет 01.06.2024 09:19

    Претседателски избори на Исланд

    Гласачите на Исланд денеска избираат нов претседател, пренесе ДПА. Популарниот актуелен претседател Гудни Јоханесон не се кандидира повторно, по два мандата на функцијата.

  • Свет 31.05.2024 20:46

    29 починати во Индија од топлотен бран

    Во Бихар во Индија во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе. Најмногу смртни случаи (12) имало во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови. Шест починати се пријавени во областа Бојпур, а по четири во Рохтас и Џеханабад, јавува индиското радио AIR.

  • Свет 31.05.2024 20:30

    Силно невреме во Хрватска

    Хрватските власти издадоа портокалов метеоаларм за речиси целата територија, откако земјата беше зафатена од силно невреме проследено со поројни дождови и силен ветер.

Pages