Јужнокорејската опозициска демократска партија победи на парламентарните избори освојувајќи 175 места, додека владејачката партија на народна моќ на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, освои 90 од 300 места во националното собрание. Вети дека ќе ја „стабилизира јавната егзистенција“
-
Свет 11.04.2024 08:54
-
Свет 11.04.2024 08:48
Пукање на прослава за Рамазан во Филаделфија
Пет лица се уапсени, од кои четвроца малолетници, а повеќе оружје е пронајдено по пукање во западна Филаделфија во парк каде што околу илјада луѓе биле собрани да го прослават муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам.
-
Свет 11.04.2024 08:41
Убиени синовите на лидерот на Хамас
Во израелски воздушен напад во Газа загинаа тројцата синови на лидерот на Хамас. Ханије ја потврди нивната смрт и изјави дека тоа нема да ги промени нивните барања.
-
Свет 10.04.2024 20:46
САД, Јапонија и Австралија почнуваат заеднички систем за противвоздушна одбрана
САД, Јапонија и Австралија почнуваат заеднички систем за противвоздушна одбрана- соопшти американскиот претседател Џо Бајден за време на средбата во Белата куќа со јапонскиот премиер Фумио Кишида.
-
Свет 10.04.2024 12:56
Продолжуваат нападите во Газа
Израелските одбранбени сили сè уште се борат против Хамас во централниот дел на Појасот Газа. Продолжуваат воздушните напади врз енклавата.
-
Свет 10.04.2024 11:00
Аризона ја врати во сила речиси целосната забрана за абортус од 1864-та
Највисокиот суд во американската сојузна држава Аризона пресуди дека е валиден Законот од 1864-та година кој целосно го забранува абортусот. Законот е исклучок ако животот на мајката е загрозен.
-
Свет 10.04.2024 10:21
Бајден: Пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа е погрешен
Пристапот на израелскиот премиер Нетанјаху кон војната во Газа е погрешен, изјави американскиот претседател Џо Бајден во интервју за американска ТВ-мрежа на шпански јазик.
-
Свет 10.04.2024 09:32
Јужна Кореја гласа за новиот парламентарен состав
Јужна Кореја гласа за новиот парламентарен состав со 300 членови. Дводневниот период на предвремено гласање заврши изминатата сабота, со излезност од 31,28%, пред главното гласање денеска.
-
Свет 10.04.2024 09:29
Јапонскиот премиер во посета на Вашингтон
Јапонскиот премиер Фумио Кишида во посета на Вашингтон. Една од темите на дискусија е одбранбената соработка и растечкото влијание на Кина.
Двете земји ја споделуваат загриженоста за провокативната кинеска воена акција во Пацификот.
-
Свет 10.04.2024 09:07
Борел: Да се зголемат капацитетите за противвоздушна одбрана на Украина
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Киев развива план за контраофанзива. Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел ги повика земјите-членки да ги зголемат капацитетите за противвоздушна одбрана на Украина.








