Тројца членови на екипажот се убиени во ракетен напад на Хутите врз комерцијален брод кој пловел под знамето на Барабдос во близина на јужниот дел на Јемен. Најмалку уште четворица се повредени.
-
Свет 07.03.2024 08:56
-
Свет 07.03.2024 08:52
Јулија Навални повика на протест против Путин
Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, ги повика русите на протест против претседателот Путин на денот на изборите со формирање долги редици пред избирачките места. Вели така луѓето ќе направат моќна демонстрација на расположението на земјата.
-
Свет 07.03.2024 08:47
Зеленски и Мицотакис сведоци на напад во Одеса
Руски смртоносни напади врз Одеса за време на посетата на претседателот Зеленски и грчкиот премиер Мицотакис на јужниот пристаништен град. Никој од двете делегации не е повреден, но се загинати најмалку пет лица – соопшти украинската одбрана.
-
Свет 06.03.2024 18:05
Ники Хејли се повлече од кампањата за републикански претседателски кандидат
Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли објави дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија.
-
Свет 06.03.2024 14:47
Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на владата на Денков
Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на владата на Николај Денков, која беше на функција девет месеци и е во рамки на договорот меѓу двете најголеми пратенички групи во земјата ГЕРБ и „Продолжуваме со промената“.
-
Свет 06.03.2024 12:41
Бајден и Трамп извесни кандидати на претседателските избори во САД
Како што и се очекуваше, веќе видено во битката за шеф на Белата куќа. Како и пред пет години, во трката за претседател на глобалната суперсила се одново Џозеф Бајден и Доналд Трамп. Иако, не ги освоија сите 16 држави кадешто се гласаше за нив.
-
Свет 06.03.2024 11:46
Украина соборила 38 руски беспилотни летала во осум региони
Одеса повторно на удар на руските дронови. Киев тврди дека успеале да соборат 38 од 42 беспилотни летала во осум региони. Додаваат дека успеале да зададат возвратен удар во рускиот регион Курск во кој со дрон е погодена фабрика.
-
Свет 06.03.2024 11:26
Народното собрание ја прифати оставката на Денков
Бугарското народно собрание ја прифати оставката на премиерот Николај Денков на денешната собраниска седница со апсолутно мнозинство на сите 216 пратеници. Кабинетот и премиерот добија остри критики од бугарските пратеници додека Денков го читаше извештајот за досега сработеното.
-
Свет 06.03.2024 11:25
Повредени и исчезнати во експлозија во фабрика во Тува
18 лица се ранети, од кои шестмина во тешка состојба по експлозија што се случи во котлара на електроцентралата Шагонар во руската област Тува-објави министерството за вонредни ситуации на Русија.
-
Свет 06.03.2024 10:30
Бугарскиот премиер поднесе оставка, на негово место доаѓа коалициониот партнер
Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка според планираното по девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата за неговиот коалициски партнер да ја води земјата.
Неговото писмо за оставка вчера беше поднесено до парламентот – објави владата во Софија.










