Над 127 милиони луѓе се евакуирани поради опасност од поплави во кинеската провинција Гуангдонг.
Метеоролозите велат дека реките и притоките го достигнуваат највисокото ниво на водата, што се случува само еднаш на секои 50 години.
Над 127 милиони луѓе се евакуирани поради опасност од поплави во кинеската провинција Гуангдонг.
Метеоролозите велат дека реките и притоките го достигнуваат највисокото ниво на водата, што се случува само еднаш на секои 50 години.
По неколку месечни превирања и блокади, американскиот Претставнички дом успеа да обезбеди мнозинство за одобрување пакет од 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван.
Во Тел Авив илјадници демонстранти излегоа на улиците против владата на премиерот Нетанјаху. Бараат договор за ослободување на заложниците кои се држат во Газа. Од антивладините протести одново повик за нови избори и критики за начинот на кој земјата се справи со војната против Хамас.
Во масовното пукање на забава во Мемфис, Тенеси, загинаа две лица, а шестмина беа ранети, соопшти полицијата.
Два хеликоптера на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба. Според властите, најмалку едно лице загина од осумтемина членови на екипажот.
Жителите на четири општини во Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, со мнозинско српско население гласаат на референдум за смена на градоначалниците.
Aмериканскиот претставнички дом го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и другите сојузници, со што долгооспоруваниот закон од тврдокорните републиканци е на пат кон сенатот.
Бугарија заплени 402 килограми хероин во вредност од над осум милиони евра на границата со Турција.
Дрогата била скриена во душеци, во камион со турски регистарски таблички.
Нов обид на американскиот Претставнички дом за гласање пакет помош за Украина, Израел и за другите сојузници на САД во вредност од над 96 милијарди долари.
Индија ја заврши првата од седумте фази од гласањето за општите избори. Беа опфатени 166 милиони гласачи – при што излезноста била 60 насто, објави Изборната комисија.