Протест на синдикатот на аргентинските државни службеници, откако владата скрати 15.000 државни работни места. Додека тие бараат нивно враќање, владата ја повика полицијата за да ги спречи во намерата да стигнат до работните места во обид да ги окупираат владините канцеларии.
-
Свет 06.04.2024 11:35
-
Свет 06.04.2024 11:01
Втор круг претседателски избори во Словачка
Во Словачка отворени гласачките места за вториот круг од претседателските избори. Во трката- поранешниот министер за надворешни работи Иван Корчок против Петер Пелегрини, кој ја предводи коалициската партија во владата на Фицо.
-
Свет 06.04.2024 10:19
Загинати цивили во нов руски напад врз Харков
Загинати и повредени во нов руски напад со дронови и ракети врз Харков. Погодена е станбена зграда, пожар изби во маркет.
Нападите во последните недели се интензивираат на двете страни.
-
Свет 06.04.2024 09:43
САД го добија извештајот за израелскиот напад
САД го добија извештајот од истрагата за израелскиот напад во кој загинаа седуммина хуманитарци. Светската централна кујна бара независна истрага. САД не планираат независно да го истражат случајот, но бараат вакво нешто повеќе да не се повтори.
-
Свет 06.04.2024 09:32
Осомничените добија притвор, потрагата по Данка продолжува
На осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, по сослушувањето во вишото јавно обвинителство во Заечар им е одреден притвор до 30 дена. Се товарат за кривично дело- тешко убиство во соизвршителство.
-
Свет 05.04.2024 19:27
Уапсени уште тројца осомничени за вмешаност во нападот во „Крокус Сити Хол“
Три лица осомничени за поврзаност со терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва минатиот месец се приведени денес, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми.
-
Свет 05.04.2024 18:15
Силен земјотрес го потресе Њујорк
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт. Земјотресот бил на длабочина од 10 км.
-
Свет 05.04.2024 14:13
Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина
Нападната руската воена воздухопловна база во Ростовската област, како одговор на интензивираните напади врз украинскиот електроенергетски систем.
-
Свет 05.04.2024 13:53
Отпуштени офицери поради убиството на хуманитарците
Израелската армија отпушти двајца високи офицери поради нападот во кој загинаа седуммина хуманитарци.
-
Свет 05.04.2024 13:50
Расте бројот на загинати по земјотресот во Тајван
Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се искачи на 12. Уривањето на оштетените згради во Хуалиен продолжи исто како и потрагата по преживеани.










