На осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, по сослушувањето во вишото јавно обвинителство во Заечар им е одреден притвор до 30 дена. Се товарат за кривично дело- тешко убиство во соизвршителство.
-
Свет 06.04.2024 09:32
-
Свет 05.04.2024 19:27
Уапсени уште тројца осомничени за вмешаност во нападот во „Крокус Сити Хол“
Три лица осомничени за поврзаност со терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва минатиот месец се приведени денес, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми.
-
Свет 05.04.2024 18:15
Силен земјотрес го потресе Њујорк
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт. Земјотресот бил на длабочина од 10 км.
-
Свет 05.04.2024 14:13
Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина
Нападната руската воена воздухопловна база во Ростовската област, како одговор на интензивираните напади врз украинскиот електроенергетски систем.
-
Свет 05.04.2024 13:53
Отпуштени офицери поради убиството на хуманитарците
Израелската армија отпушти двајца високи офицери поради нападот во кој загинаа седуммина хуманитарци.
-
Свет 05.04.2024 13:50
Расте бројот на загинати по земјотресот во Тајван
Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се искачи на 12. Уривањето на оштетените згради во Хуалиен продолжи исто како и потрагата по преживеани.
-
Свет 05.04.2024 12:30
Во Србија и понатаму трае потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ
И додека во Србија сè уште трае потрагата по телото на убиената двегодишна Данка Илиќ, а граѓаните палат свеќи за спокој на душата на девојчето, паралелно се води дебата за колективната траума од информирањето на таблоидите, порталите, социјалните мрежи и јавноста во Србија за овој случај.
-
Свет 05.04.2024 11:52
Пожар избил на траект полн со луѓе во Тајланд
Траект со повеќе од 100 луѓе се запали на брегот на јужниот дел на Тајланд. Патниците избезумено скокале во морето за да се спасат од пламените јазици.
-
Свет 05.04.2024 11:19
Израел го засилува протокот на хуманитарната помош во Газа по заканите од САД
Израел го засилува протокот на помош во Газа. Отвора премини преку пристаништето Ашдод и за првпат, преку Ерез за северните делови во енклавата. Одлуката доаѓа по остриот став на сојузникот Бајден дека идната поддршка на САД за Израел ќе зависи од заштитата на цивилите и хуманитарците.
-
Свет 05.04.2024 09:39
Во Косово денеска почнува пописот на населението
Во Косово денеска започнува пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, кој ќе трае до 17-ти мај.










