Српската напредна партија на Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори, опозициската коалиција излегува на протест. Не ги признава резултатите. Со најновите информации од Белград, нашиот постојан дописник Оливер Бранковиќ.
-
Свет 18.12.2023 18:04
-
Свет 18.12.2023 15:45
Квинсленд се соочува со една од најлошите поплави во историјата
Големи поплави го зафатија Северен Квинсленд во Австралија.
Екстремните временски услови се предизвикани од тропскиот циклон Џаспер.
Евакуирани се над 300 луѓе. Во прекин е патничкиот и железничкиот сообраќај. 14 илјади домови и бизниси останаа без струја.
-
Свет 18.12.2023 13:40
Партијата на Вучиќ прогласи победа на изборите во Србија
Српската напредна партија на Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори. Опозициската коалиција „Србија против насилство“ не ги признава резултатите. Битка за градоначалничкото место на Белград. Власта прославува, опозицијата најавува протести. Од Белград известува Викторија Милевска.
-
Свет 18.12.2023 12:35
Северна Кореја тестираше две балистички ракети со долг дострел за неколку часа
Северна Кореја истрела балистичка ракета со долг дострел при втор ракетен тест за неколку часа.
-
Свет 18.12.2023 12:32
Нови жртви и повредени, операцијата за ликвидација на Хамас не запира
Во време кога два американски носачи на авиони од најновата генерација пловат во водите околу Блискиот Исток, секретарот за одбрана Остин пристигна во еднодневна посета на Израел.
-
Свет 18.12.2023 12:05
Вооружен напад на забава во Мексико, 12 лица загинаа
Дванаесет лица загинаа а над 10 се повредени во вооружен напад на забава во централната мексиканска држава Гуанахуато, објавија мексиканските власти.
Група луѓе отвориле оган врз учесниците на традиционалната мексиканска забава што се одржува во деновите пред Божиќ.
-
Свет 18.12.2023 12:02
Украина и Русија со нов бран меѓусебни напади со дронови
Украина и Русија со нов бран меѓусебни напади со дронови со зголемен интензитет. Нападната цивилна инфраструктура и руски воен аеродром. Украинските сили соопштија дека во текот на ноќта биле соборени 20 руски беспилотни летала, како и една балистичка ракета „Искандер“.
-
Свет 18.12.2023 09:55
Израелската војска откри бетонски тунел на Хамас долг 4 километри
Продолжуваат жестоките битки во Појасот Газа. Во напади врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, загинаа 90 Палестинци. Од израелската војска објавија дека напредуваат на фронтот. Само во саботата нападнале најмалку 200 локации на Хамас.
-
Свет 18.12.2023 09:50
Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека коалицијата „Србија не смее да запре“, предводена од неговата Српска напредна партија, на изборите освоила апсолутна победа на републичко и на покраинско ниво. Очекува да ја формира власта и во Белград.
-
Свет 18.12.2023 09:44
Автомобил удри во возилото на тајната служба кое го обезбедуваше Бајден
Во Вилмингтон, Делавер, автомобил случајно удри во џипот на тајната служба додека претседателот Бајден, влегувал во неговиот автомобил. Портпаролот на тајната служба, Стив Копек во изјава за Си-Ен-Ен рече дека несреќата не била намерна.










