Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна.
-
Свет 16.02.2024 12:59
-
Свет 16.02.2024 12:29
Силен земјотрес во Турција
Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Малатија на длабочина од осум километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета.
-
Свет 16.02.2024 12:14
Расте притисокот врз Тел Авив
Расте притисокот врз Израел. Американскиот претседател Бајден, за помалку од една недела, повторно му порача на израелскиот премиер Нетанјаху дека не треба да продолжи со воена акција во Рафах без план за заштита на палестинските цивили.
-
Свет 16.02.2024 11:57
Жестоки борби во Украина, руската војска е пред освојување на Авдиивка
Руската војска е пред освојување на Авдиивка, стратегиски град на истокот во Донбас, регион под контрола на Кремљ. Киев поради недостигот од артилериска муниција, распореди механизирана бригада во градот.
-
Свет 16.02.2024 09:48
Најмалку 11 загинати при експлозија и пожар во фабрика за бои во Индија
Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени откако зграда во фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар.
-
Свет 16.02.2024 09:48
Тешки борби кај Авдијивка и Маринка, соопштува украинската армија
Генералштабот на Украина соопшти дека во изминатите 24 часа на фронтот се случиле 95 воени судири, а најмногу престрелки имало кај Маринка и Авдеевка.
-
Свет 16.02.2024 09:42
Продолжуваат израелските операции во Газа
Израелската армија не ги запира операциите во Газа. Оперира од копно, море и воздух, а главните акции се на југот на Газа во Кан Јунис. Тел Авив го обвини Хамас дека користи болници и други цивилни инфраструктурни објекти за сокривање затвореници и борци.
-
Свет 16.02.2024 09:41
Грција ги легализираше истополовите бракови
Грција ги легализираше истополовите бракови, со што стана првата земја со православно христијанско мнозинство што го направи тоа, јавува Би-Би-Си.
-
Свет 15.02.2024 21:34
Американскиот државен секретар Блинкен во официјална посета на Албанија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Албанија. Еднодневната посета на американскиот дипломат на Тирана се фокусира на иднината на Албанија и на западен Балкан.
На агендата средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.
-
Свет 15.02.2024 14:48
Масовни руски ракетни напади низ повеќе украински региони
Русија изврши нов ракетен напад врз повеќе региони во Украина вклучително и главниот град Киев. Прогласена тревога низ целата земја. Загинати и повредени цивили во различни делови, погодена е инфраструктура, оштетени се станбени и деловни објекти.









