Израелската војска ги уапсила двете сестри на Салех ал-Арури, лидерот на Хамас кој беше убиен во Либан.
Израел го обвинуваше за учество во планирањето на нападот на 7-ми октомври во кој загинаа 1.140 лица.
Израелската војска ги уапсила двете сестри на Салех ал-Арури, лидерот на Хамас кој беше убиен во Либан.
Израел го обвинуваше за учество во планирањето на нападот на 7-ми октомври во кој загинаа 1.140 лица.
Кина остро ја осуди реакцијата на Соединетите Американски Држави, кои му ја честитаа победата на Лаи Чинг-те на претседателските избори во Тајван.
По изборите во Тајван ѝ поддршката на владејачката партија за трет претседателски мандат, се огласи Белата куќа-САД не ја поддржуваат независноста на островот. Лаи Чинг-те вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг, но и дека ќе бара преговори.
Премиерот Нетанјаху изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Блинкен оти „ова не е само војна на Израел, туку е и американска војна“. На пат сме кон победата и нема да застанеме додека не оствариме победа. Нема да правиме компромиси и нема да застанеме, додаде Нетанјаху.
Бројот на загинати во свлечиштето во западна Колумбија се искачи на над 30, а најмалку 35 повредени лица се пренесени во болници, соопштија властите.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван, откако тајванските гласачи и дадоа трет претседателски мандат на владејачката партија на островот, а американскиот државен секретар додаде дека САД остануваат посветени на мирот и безбедноста во регионот.
Кандидатот на владејачката партија Лаи Чинг-те излезе како победник на претседателските избори во Тајван, а неговите противници го признаа резултатoт што ќе ја зацрта траекторијата на односите на островот со Кина во следните четири години.
Израел постигна договор со Катар за снабдување со лекови на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, соопшти кабинетот на премиерот Нетанјаху.
Повеќе од 100 заложници сè уште се во Газа, откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7-ми октомври.
Во Тајван се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Кина ги оценува како избор меѓу војна и мир, и го засилува притисокот.
САД извршија нови напади врз позиции на Хутите во Јемен, со ракета „Томахавк“, лансирана од разурнувачот „Карни“. Официјалните медиуми на милитантите, поддржани од Иран, претходно објавија дека била нападната воздушната база Ал Даилами во јеменската престолнина, која ја држат бунтовниците.