Португалија забрзано ја губи младата генерација, земјата е со највисок степен на емиграција во Европа. Околу 30 насто Португалци живеат во побогатите земји во светот, над 850 илјади млади на возраст до 39 години заминале од државата.
-
Свет 17.01.2024 12:07
-
Свет 17.01.2024 11:39
Обилни врнежи од дожд и снег низ Европа
Изобилните врнежи од дожд и снег низ Германија откажаа стотици летови и го прекина железничкиот и патничкиот сообраќај. Многу училишта и градинки во земјата се затворени.
Слична е состојбата и во Велика Британија. Жолти предупредувања за мраз и снег се во сила во сите четири земји.
-
Свет 17.01.2024 11:30
Непријателствата на Блискиот Исток предупредуваат за опасност од поширок регионален конфликт
Катар и Франција постигнаа договор со Израел и Хамас за итна испорака на лекови за 45 израелски заложници во замена за хуманитарна и медицинска помош за палестински цивили.
-
Свет 17.01.2024 09:48
Иран со ракети и беспилотни летала го нападна Пакистан
Со ракети и беспилотни летала, Иран уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл во пакистанската југозападна провинција Белуџистан. Загинале две деца. Пакистан вети одмазда. Нападот доаѓа откако Иран лансираше ракети во северен Ирак и Сирија.
-
Свет 17.01.2024 09:46
Кина бележи пад на населението
Се намалува населението во Кина. Намалувањето на бројот на жители е забрзан во 2023 година, соопшти Заводот за статистика во Пекинг. На крајот на декември во земјата живееле околу 1,41 милијарди луѓе, два милиони помалку од претходната година.
-
Свет 17.01.2024 09:03
Русија со нови напади врз Украина
Русија извршила нови напади со дронови врз украинскиот град Одеса, соопштија локалните власти. Најмалку три лица се повредени, а причинета и е материјална штета.
-
Свет 16.01.2024 21:10
Иран нападна бази на милитанти во Пакистан
Иран вечерва соопшти дека ги нападнал базите на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан. Државната новинска агенција ИРНА објави дека во нападот биле користени ракети и беспилотни летала.
-
Свет 16.01.2024 14:52
Тел Авив негира дека заложници биле убиени за време на израелската офанзива
Тел Авив негира дека заложници биле убиени за време на израелската офанзива. Копнените сили почнале операции против Хамас во централниот дел на Појасот Газа. Дополнителен притисок на Блискиот Исток се и нападите од Хутите поддржани од Иран.
-
Свет 16.01.2024 14:19
Едно лице загина, четворица се повредени во експлозија во фабрика во Крушевац
Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви и пиротехнички средства во Крушевац, Србија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила утрово околу 9 часот за време на работниот процес, по што избувнал пожар кој е локализиран.
-
Свет 16.01.2024 12:20
Трамп со убедлива победа на првите внатрепартиски републикански избори во Ајова
Убедлива победа на поранешниот претседател Доналд Трамп на првите внатрепартиски републикански избори во Ајова.










