Миграцијата и натаму е предизвик за Европската унија. По воведувањето контроли од Берлин кон Варшава, и Чешка и Австрија го сторија истото, но кон Словачка. Контролите ќе се спроведуваат во наредните 10 дена, но можно е нивно продолжување.
-
Свет 04.10.2023 12:50
-
Свет 04.10.2023 12:45
За првпат во историјата, разрешен шефот на Претставничкиот дом на САД
Со 216 гласови „за“ и 210 „против“, Претставничкиот дом на САД го смени претседателот на домот Кевин Мекарти. Демократите во Домот решија да не му помогнат на Мекарти и гласаа против него.
-
Свет 04.10.2023 12:21
Голем пожар во складиште за пластика во Осиек
Пожар во складиште за пластика во Осиек. Издадено предупредување до жителите да не излегуваат поради чадот и загадениот воздух.
Во справување со пламените јазици покрај Јавната противпожарна станица од Осиек се вклучени и доброволни противпожарни единици од градското подрачје.
-
Свет 04.10.2023 10:25
Тешка сообраќајна несреќа во Венеција, 21 лице загинаа
Над 20 лица загинаа и уште толку се повредени откако автобус со туристи излета од надвозник во близина на италијанскиот град Венеција. Возилото од сè уште неразјаснети причини, излетало од во близина на железничка пруга во областа Местре.
-
Свет 04.10.2023 10:24
Москва соборила 31 беспилотно летало лансирани од Украина
Не стивнуваат нападите меѓу Украина и Русија. Москва соборила 31 беспилотно летало лансирани од Украина над регионите Белгород, Брјанск и Курск што граничат со Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
-
Свет 04.10.2023 10:15
Европскиот парламент со осуда на последните случувања на северот на Косово
Остра осуда на Европскиот парламент за нападот во Бањска. Учесниците на вонредната дебата за односите меѓу Србија и Косово ги осудија случувањата на северот на Косово. Европарламентарците побараа двете страни да работат на деескалација и враќање на дијалогот за нормализација на односите.
-
Свет 04.10.2023 10:12
Изгласана недоверба на спикерот на американскиот Конгрес
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го смени спикерот Кевин Макарти, како резултат на несогласувањата со неговите републикански колеги, само неколку дена откако во последен час беше избегната блокада на федералната влада.
-
Свет 03.10.2023 17:14
Уапсен организаторот на нападот во Бањска
Српската полиција го приведе Милан Радоичиќ, организаторот на инцидентот во селото Бањска, во северно Косово. Извршени се претреси во станот во Белград и во други простории, на Радоичиќ му е одреден притвор од 48 часови.
-
Свет 03.10.2023 15:17
Тинејџер изврши тројно убиство во Бангкок
14-годишно момче е уапсено откако со пиштол усмртило три лица и ранило уште четворица во трговски мол во Бангкок.
-
Свет 03.10.2023 15:16
Илјада луѓе уапсени во рациите низ земјата
Два дена по самоубиствениот бомбашки напад во Анкара, турската полиција уапси речиси илјада луѓе во рациите низ земјата, вклучително и десетици кои наводно биле поврзани со курдските милитанти.










