Вонредна расправа за состојбата на северот на Косово. Се очекува на крајот на месецот да биде усвоена резолуција. Од Брисел соопштија дека одговорните за нападот во Бањска мора да се соочат со правдата, а покрај кривичната, треба да се утврди и политичка одговорност.
-
Свет 03.10.2023 12:38
-
Свет 03.10.2023 12:11
Зеленски очекува покана од ЕУ до крајот на годинава
Украинскиот претседател Зеленски повика на политичко единство и подготвеност на земјите членки на ЕУ да го забрзаат пристапот на неговата земја во блокот. Додаде дека победата на Киев ќе зависи од постојаната соработка.
-
Свет 03.10.2023 11:01
Индија: До 10-ти октомври Канада да повлече 41 дипломат
Растат тензиите на релација Индија-Канада. Властите во Њу Делхи дадоа рок до 10 октомври, Канада да повлече 41 дипломат од Индија.
-
Свет 03.10.2023 10:01
Гром предизвика експлозија на фабрика во Оксфорд
Огромна огнена топка го осветли ноќното небо во Оксфорд откако гром удри во фабрика за рециклирање на отпад. На локалните жители им беше кажано да останат внатре и да ги затворат прозорците. По експлозијата голем број домаќинства останале без струја.
-
Свет 03.10.2023 09:59
Зеленски: Прашање на време е кога ќе почнеме преговори
Украинскиот претседател Зеленски повика на политичко единство и подготвеност на земјите-членки на ЕУ да го забрзаат пристапот на неговата земја во блокот.
-
Свет 03.10.2023 09:58
Српската војска делумно се повлече од границата со Косово
Европскиот парламент на вонредна расправа за ситуацијата на северот на Косово. Се очекува на крајот на месецот да биде усвоена резолуција. Од Брисел соопштија дека одговорните за нападот во Бањска мора да се соочат со правдата, а покрај кривичната, треба да се утврди и политичка одговорност.
-
Свет 02.10.2023 12:47
Киев домаќин на состанокот на европските шефови на дипломатиите
Откако владата на САД усвои закон за привремено финансирање со кое актуелната воена помош за Украина ја направи неизвесна, во Европа се вклучи црвениот аларм. Киев е домаќин на состанокот на европските шефови на дипломатиите – прв надвор од границите на Унијата.
-
Свет 02.10.2023 12:41
Убиен полициски инспектор пред ноќен клуб во БиХ
Убиен е полициски инспектор во Бијелина. Инцидентот се случил пред ноќен клуб во центарот на градот. Полициската управа на Бјелина соопшти дека во тек е голема акција за пронаоѓање и апсење на напаѓачот. Истрагата е во тек.
-
Свет 02.10.2023 12:06
Трамп на судење под обвинение дека ја преценил вредноста на својот имот
Доналд Трамп и неговиот семеен бизнис денеска треба да се соочат во Њујорк за случајот со измама. Според обвинението, Трамп лажно ја претставил вредноста на својот имот за да обезбеди подобри услови за заем и осигурување.
-
Свет 02.10.2023 12:05
Турција ги бомбардира курдските бунтовници во Ирак поради бомбашкиот напад во Анкара
Турција изврши воздушни напади во северен Ирак. Уништени се 20 цели на забранетата Курдска работничка партија, велат во турското Министерство за одбрана.
Воената интервенција следи по бомбашкиот напад пред турското МВР во Анкара, во кој беа ранети двајца полицајци.










