Израел и Либан се договорија за примирје на цела либанска територија условено со запирање на нападите од страна на Хезболах и безбедносни зони јужно од реката Литани.
-
Свет 04.06.2026 18:49
-
Свет 04.06.2026 15:42
БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Тиват од безбедносни причини
Српската Безбедносно-информативна агенција го советуваше претседателот Александар Вучиќ да не патува во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан, од безбедносни причини.
Од БИА велат дека имаат сознанија оти водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер се наоѓа во Црна Гора.
-
Свет 04.06.2026 15:13
Четири лица загинаа при пад на мал авион во Хрватска
Четири лица загинаа по пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром во Медулин. Хрватската полиција ја добила пријавата за урнатиот авионот денеска претпладне, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот.
-
Свет 04.06.2026 14:49
Утре самит ЕУ – Западен Балкан во Тиват
Српската безбедносно-информативна агенција го советуваше претседателот Вучиќ да не патува во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан, од безбедносни причини, поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора.
-
Свет 04.06.2026 14:05
Трамп вели дека е можен договор викендов со иран
Претседателот на САД изјави дека преговорите со Иран одат многу добро и рече дека е може да се постигне договор во текот на викендот. Трамп ја минимизираше идејата дека американските и иранските напади го тестираат кревкото примирје.
-
Свет 04.06.2026 13:43
Нов напад на брод во Тихи Океан
Американската војска нападна брод кој криумчарел дрога во источниот дел на Тихиот Океан. Двајца мажи се убиени. Администрацијата на Трамп води кампања против наводните трговци со дрога во Латинска Америка. Во нападите на Американската војска досега загинаа најмалку 207 луѓе.
-
Свет 04.06.2026 13:31
Мелони со осуда за бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во село во Калабрија
Италијанската премиерка Мелони со осуда за бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во село во покраината Калабрија.
-
Свет 04.06.2026 12:04
Со посредство на Вашингтон, Израел и Либан се согласија за спроведување на прекин на огнот
Израел и Либан се договорија за примирје на целата либанска територија условено со запирање на нападите од страна Хезболах. Во Вашингтон, претставниците на двете страни потврдија дека се согласиле за безбедносни зони јужно од реката Литани без присуство на милитантните групи.
-
Свет 04.06.2026 10:28
Либан и Израел постигнаа договор за примирје
По четвртата рунда разговори со посредство на САД во Вашингтон, постигната е одлука за примирје на целата либанска територија. Израелски и либански претставници потврдија дека се согласиле на договор за создавање безбедносни зони во кои ќе им биде забранет влезот на милитантите на Хезболах.
-
Свет 04.06.2026 09:23
Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина
Војната во Украина продолжува. Жртви и повредени во напади на Крим. Руски дрон погоди индустриски објект во близина на Киев. Украинските сили соопштија дека во ноќта помеѓу втори и трети јуни извршиле напад врз еден од најмодерните бродови на руската флота, во близина на Санкт Петербург.










