-
Свет 21.09.2023 09:08
Протест поради прекин на огнот во Нагорно Карабах
Протести во Ереван поради последната ескалација на Нагорно Карабах дури и по прогласувањето на примирјето. -
Свет 20.09.2023 21:17
Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила во тридневна државна посета на Франција
Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во тридневна државна посета на Франција. Париз и Лондон се надеваат дека ќе свртат нова страница по години хаотични односи меѓу двете земји, особено по излегувањето на Британија од Европската унија.
-
Свет 20.09.2023 15:03
Жителите на Лампедуза побараа областа да не се нарекува остров на мигранти
Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Жителите на Лампедуза пак, побараа областа да не се нарекува остров на мигранти. Затворен е граничниот премин на полската и латвиско-белоруската граница.
-
Свет 20.09.2023 14:51
Договорен прекин на огнот во Нагорно Карабах
Дваесет и четири часовниот конфликт привремено заврши и побрзо отколку се очекуваше. Примирјето по залагањето на големите сили е постигнато во Нагорно Карабах, во Јужниот Кавказ.
-
Свет 20.09.2023 12:48
Во полициската акција во Србија уапсена поголема група педофили
Во полициска акција „Армагедон“, низ цела Србија, уапсена е група од 12 педофили, поради сомнение дека сториле кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија и сексуално вознемирување.
-
Свет 20.09.2023 12:11
Операција за освојување на Нагорно Карабах
Азербејџан почна операција за освојување на Нагорно Карабах. Армијата продолжува со гранатирање на регионот. Погодена е и цивилна инфраструктура.
Портпаролот на Министерство за одбрана на Азербејџан ја обвини Ерменија дека ги зголемува своите разузнавачки операции.
-
Свет 20.09.2023 11:38
Лампедуза: Не сме само остров на мигранти
Жителите на Лампедуза побараа областа да не се нарекува само остров на мигранти. Премиерката Мелони вети мерки за спречување на пристигнувањето на мигрантите, а Европа целосна поддршка.
-
Свет 20.09.2023 11:38
Продолжуваат борбите во Украина
Продолжуваат борбите во Украина. Две лица загинаа во напад на Керсон, кога руските војници отвориле оган врз тролејбус. Загинале полициски наредник и еден цивил. Повредено било уште едно лице. Од Норвешка е побарано да прифати повеќе бегалци поради војната во Украина.
-
Свет 20.09.2023 09:14
Сиднеј се соочува со топлотен бран
Целосна забрана за пожари во делови на нов јужен Велс. Топлото време придонесува за оценка за опасност од пожари.
-
Свет 20.09.2023 09:10
Одложена одлуката за жалба на новинарот Гершкович
Новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, се појави пред Градскиот суд во Москва, барајќи ослободување од затвор поради обвиненијата за шпионажа.










