Втора ноќ по ред Киев е цел на серија руски напади со беспилотни летала-соопшти градската управа. Украинската одбрана успеала да собори околу 10 дронови над и во околината на градот. Од друга страна, Русија тврди дека соборила дрон што се движел кон Москва.
-
Свет 19.11.2023 11:48
-
Свет 19.11.2023 10:18
Борбите продолжуваат, нема прекин на огнот
Сирени за воздушна опасност огласени во Израел. Експлозии одекнаа во северниот град Шломи. Северниот дел на Газа под закана на израелските ракети додека копнената офанзива се проширува на исток. Командантите на Хамас бегаат на југ – тврди израелскиот министер за одбрана.
-
Свет 18.11.2023 16:59
Финска затвори четири гранични премини кон Русија
Финската влада од вчеравечер затвори четири гранични премини со Русија за да спречи влез на лица без соодветни документи кои бараат азил.
-
Свет 18.11.2023 13:20
Расте меѓународната загриженост за судбината на пациентите во болницата „Ал Шива“
Првата пратка гориво влезе во Газа, откако израелскиот воен кабинет по барање на САД одобри редовни дневни испораки до појасот, овозможувајќи обновување на комуникациските услуги.
-
Свет 18.11.2023 10:00
Огласени сирени, борбите продолжуваат
Сирени за опасност одекнаа во Киев и уште 8 украински региони. Најмалку 9 луѓе загинаа во текот на руските гранатирања на југот од земјата.
-
Свет 18.11.2023 09:51
Дозволен влез на гориво во Газа
По 24-часовен недостиг на гориво, во Појасот Газа повторно се враќаат комуникациските услуги. Две цистерни со гориво влегоа преку преминот Рафах набргу откако израелскиот воен кабинет по барање на САД одобри редовни испораки на по две цистерни дневно до опколената енклава.
-
Свет 18.11.2023 09:49
Пукање во психијатриска болница во Њу Хемпшир
Неколку лица се убиени во масовно пукање во психијатриска болница во Њу Хемпшир. Според полицијата, осомничениот напаѓач кој отворил оган во лобито на установата е застрелан.
-
Свет 17.11.2023 12:39
Борел во посета на Израел
Еден ужас не оправдува друг, изјави шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ во Израел за време на средбите со државниот врв.
-
Свет 17.11.2023 11:55
Кишида и Џинпинг повикаа на реафирмирање на стратешките односи
На маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско јапонскиот премиер Фумио Кишида и кинескиот претседател Кси Џинпинг повикаа на реафирмирање на стратешките односи.
-
Свет 17.11.2023 11:53
Украина тврди дека има успешни операции на брегот на Дњепар
Украинската воздушна одбрана соопшти дека во текот на ноќта руските сили нападнале области со дронови „Шахид“. Биле лансирани и неколку противвоздушни ракети С-300 во правец на Доњецк. Загинати и повредени во напад на Херсон.










