• Свет 21.10.2023 22:14

    Израел гранатираше пазар во Појасот Газа, има жртви и повредени

    Израел вечерва го гранатираше пазарот Нусејрат во Појасот Газа, а во нападот има и жртви, соопшти палестинското МВР, но не го прецизира бројот на жртвите и ранетите. Портпаролот на израелската војска веќе најави дека планира да ги зголеми нападите.

  • Свет 21.10.2023 19:53

    Дипломатска петорка на средби во Косово и Србија

    По неуспехот на последниот дијалог во Брисел меѓу Србија и Косово, и по вооружениот конфликт во Бањска, големата петорка предводена од специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, после Приштина допатува во Белград на средба со претседателот Александар Вучиќ во обид за продолжување на дијалого

  • Свет 21.10.2023 18:58

    Силно невреме низ Европа, во три држави поплави

    Невремето Бабет ја зафатени Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија.

    Силниот ветер и изобилните дождови за три дена предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија и на сообраќајот. Најмалку четири лица загинаа.

  • Свет 21.10.2023 17:15

    По две недели се кренаа рампите на преминот Рафах

    И покрај звуците од артилериски оган, 20 камиони со лекови, медицинска опрема и храна од Египет влегоа во опколениот Појас Газа. Кревањето на рампата на преминот Рафах доаѓа на 15-от ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

  • Свет 21.10.2023 15:03

    Лајчак: Очекуваме Косово и Србија целосно да ги исполнат своите обврски од дијалогот

    Нов обид за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Дипломати на Квинтата во Косово и Србија на средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ. За дијалогот нема алтернатива бидејќи тој носи нормализација, вели специјалниот претставник Лајчак.

  • Свет 21.10.2023 14:25

    Земји-членки на Шенген зоната ги зајакнуваат граничните контроли

    Земјите членки на ЕУ ги засилуваат граничните контроли поради страв од можни терористички закани.

    Словенија воведе гранични проверки со соседните Унгарија и Хрватска. Претходно Италија соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со Словенија на 10 дена.

  • Свет 21.10.2023 12:49

    Првиот конвој со хуманитарна помош влезе во Газа

    20 камиони со лекови, медицинска опрема и ограничени количини храна од Египет влегоа во опколениот Појас Газа. Отворањето на преминот Рафах доаѓа на 15-от ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас. Единствениот пат кон Газа што не е контролиран од Тел Авив, беше отворен по барање на Вашингтон.

  • Свет 21.10.2023 11:21

    Нов обид за дијалогот помеѓу Белград и Приштина

    Нов обид за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Дипломати Квинтата во Косово и Србија на средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ.

  • Свет 21.10.2023 11:14

    Тајфунот Санба предизвика поплави во јужна Кина

    Тајфунот Санба донесе изобилни дождови во јужна Кина. Поплавени се градови и села, а илјадници луѓе останаа заглавени во домовите.

    Спасувачите префрлија над 4.300 жители во привремено засолниште. Според метеоролозите, врнежите се очекува да престанат во текот на утрешниот ден.

  • Свет 21.10.2023 11:11

    Руските сили не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдјевка

    Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдјевка, во областа Доњецк.

    Синоќа бил нападнат Кривји Рих, погодена е индустриската инфраструктура.

Pages