Иако по конфликтот на Блискиот Исток меѓу Израел и милитантите на Газа, војната во Украина е ставена во втор план на светската јавност – на терен жестоките борби не престануваат. Руските сили извршија напади од повеќе правци користејќи беспилотни летала и балистичко оружје.
-
Свет 16.10.2023 12:43
-
Свет 16.10.2023 12:08
Залихите на храна, вода и лекови на Газа се намалуваат, болниците на раб на колапс
Израелските одбранбени сили ги продолжија воздушните напади врз Газа. Биле погодени воени цели – главно во северниот дел на Појасот. Цистерни под знамето на ООН влегоа во Египет од Газа за да земат гориво за опколената енклава.
-
Свет 16.10.2023 09:52
Не запираат меѓусебните напади на израелската војска и Хамас
Израелските одбранбени сили ги продолжија воздушните напади врз Газа. Биле погодени воени цели, главно во северниот дел на Појасот. Врз основа на разузнавачките извештаи, командант на јужниот округ за национална безбедност на Хамас е убиен.
-
Свет 15.10.2023 22:16
Илхам Алиев го подигна азербејџанското знаме во Нагорно Карабах
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев го подигна азербејџанското знаме во најголемиот град во Нагорно Карабах, Ханканди, кај Ерменците познат како Степанакерт.
-
Свет 15.10.2023 22:08
Парламентарни избори во Полска
Парламентарни избори во Полска. Гласањето заврши. Според излезните анкети, Националистичката партија право и правда на Качински освоила најмногу гласови, но е на пат да го загуби мнозинството во парламентот.
-
Свет 15.10.2023 16:55
МНР: Македонската брачна двојка во Газа ставена на листа за евакуација
Брачниот пар, македонски државјани кој се наоѓа во Газа се на безбедно и се сместени во болница на црвената полумесечина, информира МНР.
-
Свет 15.10.2023 12:59
Одложена копнената офанзива во Газа поради временски услови
Одложена копнената офанзива во Газа која требаше да почне викендов поради временски услови. Израел и натаму трупа сили по должината на Појасот. САД распоредуваат уште еден носач на авиони во медитеранот пред почетокот на офанзивата.
-
Свет 15.10.2023 09:39
Силен земјотрес од 6,3 степени е регистриран во Авганистан
Нов силен земјотрес од 6,3 степени е регистриран во Авганистан, во истото подрачје каде што претходно во катастрофалниот потрес загинаа над 2 илјади и 400 луѓе.
Епицентарот бил во близина на градот Херата, на длабочина од 8 километри.
-
Свет 15.10.2023 09:38
Продолжуваат жестоките руски напади во Украина
Продолжуваат жестоките руски напади во Украина. Киев јавува за гранатирања во близина на источниот град Авдеевка, петти ден по ред.
-
Свет 14.10.2023 13:17
Републиканците го номинираа Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом
Претседателот на Комитетот за правосудство во Американскиот конгрес, Џим Џордан е номиниран за функцијата претседател на претставничкиот дом, откако победи на интерното гласање меѓу републиканците, објавија партиските лидери.










