Две лица загинаа во судир на два мали авиона над писта на аеродром северно од Бризбејн.
-
Свет 28.07.2023 10:23
-
Свет 28.07.2023 09:12
Нови протести во Израел против судската реформа
Нови протести против владиниот план за судска реформа. Законот беше одобрен неделава. Последните собири почнаа на улицата Ротшилд во тел Авив.
Распоредени се голем број полицајци.
-
Свет 28.07.2023 09:10
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во посета на Австралија
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во посета на Австралија. Ја критикуваше Кина, обвинувајќи го Пекинг за загрижувачки принуди во Индопацификот.
Изрази поддршка за сојузниците и партнерите кои, како што вели, се бранат од ова провокаторско однесување.
-
Свет 28.07.2023 09:08
Русија спречи напад со украински дрон во московскиот регион
Русија спречи напад на украинско беспилотно летало во регионот на Москва, кој не предизвика штети или жртви.
-
Свет 28.07.2023 09:06
Пожари во Грција и Хрватска
Пожар на хрватскиот остров Чиово. 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедуваа опожарениот простор со што спречиле негово ширење кон објектите. Операциите беа отежнати од силниот ветер.
-
Свет 27.07.2023 18:30
Италијански провинции погодени од силно невреме
Силно невреме со град, ветер и изобилни дождови ги погодија италијанските провинции Милано, Варезе и Бреша.
Поплавени се улици, урнати се многу големи дрвја и улични знаци. Италијанските медиуми известуваат и за смртта на млад извидник кој бил погоден од дрво за време на кампување.
-
Свет 27.07.2023 15:39
Украина ја засилува контраофанзивата
Украина почна нова фаза од контраофанзивата, на југоистокот од земјата. Клучната цел на Вооружените сили на Киев е да го пресечат копнениот коридор помеѓу заземените региони на Украина и Крим со што би се отежнало снабдувањето со оружје и координацијата на руските сили.
-
Свет 27.07.2023 13:15
Повредените од опожарениот товарен брод во Северно Море пренесени на аеродромите во Лаверсог и Елде
Повредените од опожарениот товарен брод во Северно Море се пренесени на аеродромите во Лаверсог и Елде каде што добиваат медицинска нега. Властите сега се обидуваат да го намалат степенот на потенцијална еколошка катастрофа.
-
Свет 27.07.2023 12:04
Лидерот на Нигер, приведен од војската
Воен преврaт во Нигер. Армијата го зароби претседателот Базоум, клучен сојузник на Западот во борбата против исламистичките бунтовници во Западна Африка. Суспендирани се сите институции, границите се затворени. Воведен е и полициски час.
-
Свет 27.07.2023 11:12
Вежби на тајванската војска во близина на плажа кај Тајпеј
Тајванската војска изведе вежби во близина на плажа кај Тајпеј. Се симулира напад од Кина врз островот.
Маневрите се дел од неделните воени вежби, во период кога Пекинг го зголемува политичкиот притисок врз Тајван










