Армијата во западноафриканската држава Нигер изврши државен удар. Суспендирани се сите институции, границите на државата се затворени. Претседателот Мохамед Базоум е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти.
-
Свет 27.07.2023 10:06
-
Свет 27.07.2023 10:06
ОН бараат Русија да запре со напади врз инфраструктура за храна и цивили
Советот за безбедност на ОН инсистира Русија да запре со нападите врз локациите со храна и со културолошка вредност. Руските проектили уништија црква и неколку историски објекти во Одеса. Во нападот имаше и загинати и повредени.
-
Свет 27.07.2023 10:05
Високите бранови во Црна Гора усмртија пливач, во Словенија снег, во Грција и натаму активни пожари
Триесет и едногодишен маж загина кај Тиват од високите бранови во кои беа повредени уште три лица. Состојбата на море поради силниот ветер се уште е ризична.
Новото невреме во Словенија донесе и снег на дел од планините.
-
Свет 26.07.2023 17:40
Гори брод натоварен со 3.000 автомобили во близина на Холандија
Товарен брод со околу 3.000 автомобили се запали покрај холандскиот остров Амеланд. Има загинати и повредени.
-
Свет 26.07.2023 12:06
Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја
Утре се одбележува 70-годишнината од Денот на победата во Пјонгјанг, каде што се очекува голема воена парада. Руска делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, придружувајќи се на кинеската група.
-
Свет 26.07.2023 12:03
Пожари во Грција, невреме во Европа
Додека поголемиот дел од Балканот се справува со штетите од силното невреме, портокалово предупредување е издадено во неколку држави за изобилни врнежи проследени со грмежи и силен ветер. Грчките острови пак, цела седмица се зафатени од пламени јазици.
-
Свет 26.07.2023 09:47
Противвоздушна вежба на аеродромот во Таојуан на тајванската армија
Тајванската армија спроведе противвоздушна вежба на аеродромот во Таојуан. Меѓународниот аеродром е важна воздушна врска на Тајван со другите земји. На еден час беше прекинат комерцијалниот воздушен сообраќај.
-
Свет 26.07.2023 09:44
Киев доби нова воена помош од Вашингтон
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека корупцијата во земјата нема да се толерира. Во своето ноќно видеообраќање, ги потенцираше двата случаи, апсењето на армискиот офицер за регрутирање, обвинет за масовна проневера и заменик обвинет за соработка со Русија.
-
Свет 26.07.2023 09:41
Не стивнуваат пожарите на грчките острови, тридневна жалост во Грција
Една недела грчките острови се зафатени од пламени јазици. Три лица загинаа, меѓу кои двајца пилоти на канадерот што се урна вчера. Прогласена тридневна жалост.
-
Свет 25.07.2023 14:43
Јапонскиот премиер Фумио со критики до Северна Кореја
Јапонскиот премиер Кишида Фумио со критики до Северна Кореја поради последните тестирања на балистички ракети.
Вети дека ќе соработува со САД и со Јужна Кореја за да одговорат соодветно на ситуацијата. Според Токио, ракетите паднале во близина на ексклузивна економска зона на Јапонија.










