• Свет 21.07.2023 09:43

    Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција

    Значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне пожарникарите изгубија контрола над пламените јазици западно од Атина, и беше наредена е евакуација на населението.

  • Свет 20.07.2023 18:27

    Во Јапонско Море започнаа руско-кинеските воени вежби

    Во согласност со планот за меѓународна воена соработка, до 23 јули, во Јапонско Море се одржува заедничката руско-кинеска поморска вежба „Север/Соработка 2023“.

    Главната цел е зајакнување на односите меѓу Москва и Пекинг и одржување на стабилноста и мирот во азиско-пацифичкиот регион.

  • Свет 20.07.2023 16:49

    Лекари специјалисти во Велика Британија на дводневен штрајк

    Илјадници лекари специјалисти во Велика Британија стапија во дводневен штрајк поради ниските плати. Десетици илјади термини и процедури се откажани.

  • Свет 20.07.2023 14:57

    Трета ноќ по ред руски напади врз јужните делови на Украина

    Трета ноќ по ред руски напади врз јужните делови на Украина, вклучително и Одеса. Загинаа цивили. Зафатена е инфраструктура во пристаништето, терминали за жито и нафта, оштетени се цистерни. Украинскиот министер за аграрна политика и исхрана вели дека се уништени 60.000 тони жито.

  • Свет 20.07.2023 12:50

    Ванг Ји се сретна со Хенри Кисинџер во Пекинг

    Кинескиот дипломат Ванг Ји се сретна со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во Пекинг.

  • Свет 20.07.2023 12:45

    34 загинати и 12 повредени во судар на автобус и автомобил во Алжир

    34 загинати, а 14 повредени во судир меѓу автобус и камион на автопат во јужен Алжир.

    По ударот избувнала експлозија. Засега е непозната причината за несреќата.

    Пред две недели, во северниот дел на оваа земја се случи слична автобуска несреќа во која настрадаа осуммина.

     

  • Свет 20.07.2023 12:23

    Силно невреме го погоди Балканот

    Граѓаните бараа засолниште откако силно невреме го погоди Белград, проследено со ветер и дожд. Многумина се повредени.

    Пријавени се напукнати дрвја, паднати тули и откорнати покриви. Делови од градот останаа без струја. Аеродромот Сурчин беше привремено затворен.

  • Свет 20.07.2023 11:39

    Напаѓачот од Окленд пронајден мртов по престрелката со полицијата

    Вооружен маж отворил оган на градилиште во Окленд, Нов Зеланд, при што загинаа две лица. Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот. Во инцидентот има и четворица повредени цивили.

  • Свет 20.07.2023 11:26

    Пожарот во Грција ставен под контрола

    Пожарникарите во Грција успеаја да го стават под контрола пожарот, што од понеделникот се ширеше во западниот дел на Атика. Во Мегара во близина на Атина е предизвикана материјална штета, но и денеска се интервенира со воздушни средства поради постојани разорувања.

  • Свет 20.07.2023 09:12

    Протест пред шведската амбасада во Багдад

    Протест пред шведската амбасада во Багдад поради планираното палење на Куранот.

    Демонстрантите влегоа во комплексот и предизвикаа мал пожар. Шведското МНР издаде соопштение во кои тврди дека персоналот бил стациониран на безбедно место.

Pages