Шпанците гласаат утре на вонредни избори. Премиерот Педро Санчез ги распиша откако неговата Социјалистичка работничка партија и нивниот ултралевичарски партнер Подемос беа поразени на локалните и регионалните избори во мај.
-
Свет 22.07.2023 13:32
-
Свет 22.07.2023 12:22
Самит на Г-20 во Индија
Состанок на министрите за енергетика на групата Г-20 во Гоа, Индија.
-
Свет 22.07.2023 11:39
Украина и Полска го зголемуваат военото присуство на границата со Белорусија
Киев тврди дека украинските трупи се подготвуваат за отпор кон руската паравојска „Вагнер“ и другите непријателски сили на границата со Белорусија. Пред два дена, оваа група изведе заеднички воени вежби со белоруската војска речиси еден месец по обидот за бунт кон Москва.
-
Свет 22.07.2023 09:34
Продолжуваат протестите против палењето на Куранот во Европа
Стотици поддржувачи на шиитскиот свештеник Ал – Садр одржаа протест во Зелената зона на Багдад поради револт кон палењето на Куранот во неколку европски земји.
-
Свет 22.07.2023 09:33
Најев: Војската се подготвува за отпор кон „Вагнер“
Киев тврди дека украинските трупи се подготвуваат за отпор кон руската паравојска Вагнер и другите непријателски сили на границата со Белорусија. Пред два дена, оваа група изведе заеднички воени вежби со белоруската војска речиси еден месец по обидот за бунт кон Москва.
-
Свет 22.07.2023 09:31
Ново невреме во неколку земји
Ново невреме над Балканскиот Полуостров. Во Србија и Босна – поројни дождови и силен ветер.
Во летната бура, втора по ред неделава, има и жртви и повредени. На повеќе локации се пријавени откорнати дрвја и покриви.
Властите ги советуваа граѓаните да останат во затворен простор.
-
Свет 21.07.2023 20:00
Пороен дожд, град и поплави во северна Италија
Пороен дожд ја зафати северна Италија носејќи силни ветрови, град и поројни поплави. Има извештаи за тешки временски услови низ целиот регион, при што биле погодени Милано, Монца, Леко, Варезе и Лењано.
-
Свет 21.07.2023 15:22
Во Италија запленети 5,3 тони кокаин
Италијанските власти запленија рекордни 5,3 тони кокаин во близина на јужниот брег на Сицилија. Вредноста на пратката се проценува на 850 милиони евра, пет лица се уапсени. Полицијата го следела бродот кој испловил од Јужна Америка до италијанскиот брег.
-
Свет 21.07.2023 14:36
Топлотниот бран што ја погоди Европа не стивнува, зголемен ризикот од пожари
Пожарите околу Атина повторно активни. Изгорена површина од 9.400 хектари. Грчките власти наредија евакуација на населени места во западниот дел на Атина. Пламените јазици не стивнуваат на Родос и на Пелопонез.
-
Свет 21.07.2023 14:10
Почнаа најголемите заеднички воени вежби меѓу Австралија и САД
Австралија и Соединетите Американски Држави ги почнаа двонеделните воени вежби на кои учествуваат повеќе од 30.000 војници, како и воени претставници од 11 земји.
Вежбите, кои ќе се одржуваат на различни локации низ Австралија, вклучуваат лажна копнена, воздушна и морска борба.










