• Свет 15.03.2023 12:45

    Невреме, поплави и снежни бури на неколку страни од светот

    По разурнувачките земјотреси, следуваа поројни дождови во југоисточна Турција. Поплавени се шаторите на луѓето кои останаа без покрив над главата. Во тек е евакуација на населението. Спасувачките екипи повторно на терен. Критично е во градот Санлиурфа.

  • Свет 15.03.2023 09:49

    Асад во посета на Москва

    Сирискиот претседател Башар ал Асад во посета на Москва. Агендата на големата делегација која вклучува многу сириски министри опфаќа средба со рускиот лидер Путин.

  • Свет 15.03.2023 09:38

    Циклонот „Фреди“ однесе над 190 човечки животи во Малави

    Циклонот „Фреди“ усмрти речиси 200 лица во Малави. Поплавите и поројните дождови ги оштетија патиштата и мостовите, отежнувајќи ги спасувачките операции.

    Стотици се повредени, а десетици се водат како исчезнати. Регистрирани се и свлечишта.

  • Свет 15.03.2023 09:36

    Бајден најави построга контрола на купувачите на оружје

    Американскиот претседател Бајден воведе извршна наредба со која се зајакнуваат проверките на потеклото на купувачите на оружје и правилата кои дозволуваат на потенцијално опасно лице привремено да му се одземе огненото оружје.

  • Свет 15.03.2023 09:34

    САД и Русија со меѓусебни обвинувања за инцидентот над Црно Море

    Вашингтон и Москва со меѓусебни обвинувања по судирот меѓу американскиот дрон МК-9 рипер и рускиот борбен авион СУ-27 над Црно Море. Инцидентот ги истакна зголемените американско-руски тензии поради војната во Украина.

  • Свет 14.03.2023 20:03

    Силен земјотрес го потресе Крит

    Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска западно од брегот на Крит, соопшти Националната опсерваторија на Атина.

  • Свет 14.03.2023 18:00

    Дел од САД зафатен со снежно невреме

    Зимската бура со изобилни снежни врнежи затвори стотици училишта во САД. Откажани се летови, а на североистокот има прекини на електричната енергија.

  • Свет 14.03.2023 14:48

    Жестоки битки во Бахмут

    Жестоки битки и натаму се водат во Бахмут. И руските и украинските сили тврдат дека бележат успеси во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на руската инвазија. Проектил погоди станбен комплекс во источниот град Краматорск, има загинати и повредени.

  • Свет 14.03.2023 13:41

    Фон дер Лајен ги повика Србија и Косово да го прифатат планот на ЕУ

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика Србија и Косово да го прифатат планот на ЕУ за нормализација на односите и додаде дека тоа е клучно за стабилноста на целиот регион.

  • Свет 14.03.2023 11:58

    Нов договор за нуклеарни подморници

    САД, Велика Британија и Австралија ја зајакнуваат соработката во рамките на безбедносниот пакт АУКУС. Со флота од нуклеарни подморници ќе му се спротивставуваат на растечкото влијание на Кина во Индопацифичкиот регион.

Pages