Претседателски избори во Црна Гора. Право на глас имаат 542.154 избирачи кои избираат меѓу седум претседателски кандидати, меѓу нив и актуелниот шеф на државата и кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ.
-
Свет 19.03.2023 15:07
-
Свет 19.03.2023 13:24
Продолжуваат жестоките борби низ цела Украина
Продолжуваат руските напади низ Украина. Жестоки борби се водат околу градот Бахмут. Украинските безбедносни служби објавија видео од уништување на 10 руски тенкови и уште едно возило за една ноќ. Според командантот на копнената армија на Украина, Русија го напаѓа скоро целиот источен фронт.
-
Свет 19.03.2023 13:11
Истрелана балистичка ракета кон Јапонското Море
Северна Кореја истрела балистичка ракета, јави новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на извори од јужнокорејската војска. Јужна Кореја цела недела спроведува воени вежби со армијата на САД.
-
Свет 19.03.2023 10:00
Во Франција продолжија протестите против пензионирањето
Продолжија протестите против планот на претседателот Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години без гласање во Парламентот.
-
Свет 19.03.2023 09:55
Расте бројот на жртвите во силниот земјотрес во Еквадор
Според последните информации, најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер што го погоди вториот по големина град на Еквадор. Многу згради се урнати или оштетени, а жителите во паника излегоа на улиците.
-
Свет 19.03.2023 09:13
Зеленски: Ќе добиеме нова воена помош од НАТО
Претседателот на Украина Зеленски рече дека Украина ќе добие нова воена помош од неколку земји. Зеленски најави воена помош од Канада, Германија, Франција, Данска, Естонија.
-
Свет 18.03.2023 20:28
Земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди Еквадор
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Еквадор. Земјотресот бил на длабочина од 75 километри.
Луѓе во паника од силното тресење излегуваат на улиците.
-
Свет 18.03.2023 12:51
Хашкиот суд со налог за апсење на Путин
Високи украински функционери го поздравија обвинението од Меѓународниот суд во Хаг за рускиот претседател Путин. Кремаљ, пак, смета дека е бесмислен. Налогот на судот во Хаг е поради воени злосторства, како и поради неговата наводна вмешаност во грабање деца од Украина.
-
Свет 18.03.2023 12:23
Во Црна Гора изборен молк, предвремени парламентарни избори на 11-ти јуни
Денеска во Црна Гора изборен молк во пресрет на утрешните претседателски избори.
-
Свет 18.03.2023 10:16
Во Северна Кореја околу 800.000 граѓани сакаат да војуваат против САД
Северна Кореја тврди дека околу 800.000 граѓани изразиле желба да волонтираат во Армијата, за да влезат во војна против САД.










