Во Бахмут, Украина продолжуваат интензивните борби. Покрај Бахмут, кој со месеци е епицентарот на битката на истокот, украинската војска се соочила со најмалку 85 напади на руските сили во правец Лиман, Авдијевка и Шахтарск во Доњецк и во Купјанск.
-
Свет 03.03.2023 10:21
-
Свет 03.03.2023 09:52
Протести во Солун и Атина по железничка несреќа
По кобната железничка несреќа во Грција расте бесот на Грците кои и излегоа на протест во Солун и Атина.
Се протестираше пред седиштето на националниот оператор Хеленик возови во Атина.
-
Свет 03.03.2023 09:12
Продолжува идентификацијата на загинатите во железничката несреќа во Грција, потврдени 57 жртви
Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција. Акцијата на спасувачите продолжи и рано утрово. Досега официјално се потврдени 57 загинати, а во болниците се хоспитализирани 48 патници, од кои шест се на одделите за интензивна нега, пренесуваат медиумите.
-
Свет 02.03.2023 14:13
Шефот на станицата ја презема одговорноста за железничката несреќа во Грција
Шефот на станицата ја презема одговорноста за железничката несреќа во Лариса, Грција. Признал дека патничкиот воз го пуштил да вози на погрешни шини. Против него е поднесена кривична пријава за нарушување на безбедноста на превозот, убиство од небрежност и телесни повреди од небрежност.
-
Свет 02.03.2023 12:14
Самит на Г-20 во Индија
Војната во Украина, економските последици од руската инвазија и амбициозната агенда на Кина за светска доминација меѓу главните теми на самитот на Г-20 во Индија.
-
Свет 02.03.2023 12:09
Расте бројот на жртви во Грција, прогласена тридневна жалост
Со кранови и тешка машинерија, спасувачите ги пребаруваат остатоците од двата воза по стравотната железничка несреќа во Лариса, Грција. Се извлекуваат безживотните тела на патниците. Спасувачката мисија е отежната поради тешкиот метал и временските услови.
-
Свет 02.03.2023 11:47
Вучиќ и Курти на следна рунда разговори во Охрид
Охрид на 18-ти март ќе биде домаќин на следната рунда разговори Вучиќ-Курти и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Борел.
-
Свет 02.03.2023 10:02
Бахмут и натаму меѓу главните жаришта на фронтот
Бахмут и натаму меѓу главните жаришта на украинскиот фронт. Според Киев, силите под команда на Москва напредуваат кон разурнатиот град, а во меѓувреме гранатирале и станбен блок во Запорожје.
Рускиот лидер Путин се подготвува за средба со кинескиот колега Џинпинг.
-
Свет 02.03.2023 10:00
САД одобри продажба на оружје за Тајван
САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари.
„Ова ќе придонесе за способноста на примателот да обезбеди одбрана на својот воздушен простор, регионална безбедност“, се наведува во соопштението на Пентагон.
-
Свет 02.03.2023 09:57
Протести во Грција поради железничката несреќа во која загинаа 43 луѓе
Протести во Грција поради железничката несреќа кај Лариса во која загинаа најмалку 43 луѓе. Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Грчки железници во Атина, а протести се одржаа и во Солун и Лариса.










