• Свет 01.03.2023 09:57

    Продолжуват нападите околу Бахмут

    Се засилува интензитетот на битките околу Бахмут. Претседателот на Украина, Зеленски, во своето редовно обраќање рече дека Русија воопшто не ги брои своите луѓе, туку постојано ги праќа да ги напаѓаат украинските позиции.

  • Свет 28.02.2023 20:59

    Земјотрес во Албанија со јачина од 4,1 степен

    Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.

    Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Елбасан на длабочина од два километри. Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета.

  • Свет 28.02.2023 14:26

    Вучиќ и Курти постигнаа договор за европскиот план, преговорите за имплементација продолжуваат

    Александар Вучиќ, Албин Курти и Жозеп Борел на 18 март во Северна Македонија ќе водат разговори за имплементација на европскиот предлог-договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово откако синоќа во Брисел се согласија деке не се потребни натамошни разговори и дека тоа е рамката за но

  • Свет 28.02.2023 12:39

    Казна за гледање холивудски или јужнокорејски филмови

    Северна Кореја воведува казна позната како „Инминбан“. Родителите чиишто деца гледаат холивудски или јужнокорејски филм ќе поминат шест месеци во логор за принудна работа, а санкии кои би можеле да траат и до пет години се предвидени и за децата.

  • Свет 28.02.2023 12:36

    Белата куќа забрани Тик-ток на уредите на сојузните агенции

    Белата куќа забрани Тик-ток на уредите на сојузните агенции. „Апликацијата мора да се отстрани во рок од 30 дена“, објави Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа. Конгресот ја смета за закана за националната безбедност бидејќи нејзин сопственик е кинеската компанија „Бајт денс“.

  • Свет 28.02.2023 12:34

    Талибанците тврдат дека го убиле клучниот лидер на ИД

    Авганистанските талибанци тврдат дека е убиен воениот и разузначакиот шеф на Исламска Држава во Кабул, одговорен за напади врз дипломатски мисии, џамии и други цели. Покрај Кари Фатех, во операцијата беа застрелани и други членови на организацијата.

  • Свет 28.02.2023 12:29

    Тешка руска артилерија врз Бахмут, тврдат украинските власти

    Воената ситуација околу градот Бахмут станува сè потешка. Бранителите се спротивставуваат на немилосрдното гранатирање и тешката артилерија на Русија, чија цел е да го заземе целиот регион Донбас, тврдат украинските власти.

  • Свет 28.02.2023 09:44

    Кина со осуда за провокации поради американскиот лет над островот

    Извидувачки авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец. Седмата флота на САД во соопштение рече дека летот бил извршен во согласност со меѓународното право. Пекинг го обвини Вашингтон за поттикнување тензии.

  • Свет 28.02.2023 09:43

    Вучиќ и Курти на 18-ти март во посета на РС Македонија

    „Србија и Косово признаваат дека неповредливоста на границите, почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се темелни услови за мир“, се вели во Договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, што Европската унија го објави вчера.

  • Свет 28.02.2023 09:43

    Зеленски: Ситуацијата околу Бахмут се влошува

    Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека воената ситуација околу Бахмут станува многу тешка. Руските сили веќе шест месеци се обидуваат да го освојат овој град во источниот регион Доњецк и постепено напредуваа во изминатите недели.

Pages