• Свет 21.02.2023 09:34

    Нова потрага по преживеани во Турција по вчерашните земјотреси

    Нов земјотрес во Турција и Сирија. Тектонското движење било со јачина од над 6 степени по Рихтер, има загинати и повредени. Спасувачките екипи во Хатај се вратија на терен откако вчера прогласија крај на потрагата по преживеани. Регистрирани се и триесетина последователни потреси.

  • Свет 21.02.2023 09:16

    Традиционало обраќање на Владимир Путин до нацијата

    Традиционално обраќање до нацијата на рускиот претседател Владимир Путин. Во Федералното собрание, се очекува да бидат претставени целите за втората година од инвазијата на Украина.

  • Свет 21.02.2023 09:12

    Говор на Бајден во Варшава

    Американскиот претседател Бајден вечер ќе одржи говор во Варшава ден по посетата на Киев. Средби се закажани со неговиот полски колега Дуда на кои ќе се разговара за заедничките напори на западот за поддршка на Киев.

  • Свет 20.02.2023 19:34

    Нов силен земјотрес регистриран на границата меѓу Турција и Сирија

    Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри, денес го погоди турско-сирискиот пограничен регион. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.

  • Свет 20.02.2023 19:01

    Свлечишта во Сао Паоло, има жртви

    Карневалскиот викенд во Бразил беше засенет по поплавите и лизгањето на земјиштето во Сао Паоло. Вонредна состојба од 180 дена е прогласена во шест градови во земјата. 36 лица загинаа, над 200 луѓе останаа без кров над главата. Нема информации за бројот на исчезнати лица.

  • Свет 20.02.2023 14:10

    Турција објави крај на спасувачките операции, бројот на жртвите надмина 41 илјада

    Заврши спасувачката операција во Турција по катастрофалните земјотреси. Според податоците на Анкара, над 40 илјади луѓе го загубиле животот, но се проценува дека бројката веројатно е двојно поголема.

  • Свет 20.02.2023 13:50

    Флоријан Бибер: „На Балканот сè поголем дел од населението мисли дека нивната земја никогаш нема да влезе во ЕУ“

    Историчарот Флоријан Бибер, во интервју за париски „Ле Монд“ вели: „На Балканот сè поголем дел од населението мисли дека нивната земја никогаш нема да влезе во ЕУ“

  • Свет 20.02.2023 12:46

    Бајден во ненадејна посета на Киев

    Под засилени безбедносните мерки американскиот претседател пристигна во Киев. Една година подоцна, Украина се држи, демократијата се држи, рече Бајден по средбата со Зеленски во палатата Марински. Најавена нова американска помош од 500 милиони долари.

  • Свет 20.02.2023 12:24

    Пукање на парада во Њу Орлеанс

    Петмина се застрелани, вклучувајќи и девојче, на парада во Њу Орлеанс. Жената и тројцата мажи се хоспитализирани, еден од нив е во критична состојба.

    Уапсено е едно лице, а полицијата пронашла два пиштола. По инцидентот, патот на парадата беше делумно сменет.

  • Свет 20.02.2023 12:21

    Демант за збогатување на ураниум над 60%

    Иран демантира дека го збогатувал ураниумот до 84 проценти, вредност блиска до класата за нуклеарно оружје. Според Организацијата за атомска енергија во државата, досега не бил надминат прагот од 60%.

Pages