• Свет 20.02.2023 10:13

    Северна Кореја лансираше две балистички ракети

    Северна Кореја утрово повторно истрела балистички ракети во морето во близина на брегот на Јапонија. Лансирањто следи по наизменични севернокорејски тестови на оружје и воени вежби на Јужна Кореја и нејзините сојузници.

  • Свет 20.02.2023 10:09

    Карневал во Рио, поплави во Сао Паоло

    Илјадници луѓе излегоа на улиците на карневалот во Рио де Жанеиро во неделата, откако настанот се врати во целосна форма за првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус.

  • Свет 20.02.2023 10:05

    Жестоки борби на фронтот во Украина

    Жестоки битки на фронтот во Украина, украинските војници им нанесуваат значителни загуби на руските сили во близина на источниот град Вуледар, вели претседателот Зеленски. Според него, Киев има предвидливост во моментов и се движи кон своите цели.

  • Свет 20.02.2023 10:00

    Заврши спасувачката операција

    Заврши спасувачката операција во Турција по катастрофалните земјотреси. Според податоците на Анкара, загинале 40 илјади луѓе, но се стравува дека бројката може да биде дупло поголема. САД ќе доделат уште 100 милиони долари помош за настраданите, покрај претходно одобрените 85 милиони долари.

  • Свет 19.02.2023 18:59

    Блинкен: Последици за Кина ако и помага на Русија

    Американскиот државен секретар Блинкен го предупреди својот кинески колега Ванг Ји дека ќе се соочи со сериозни последици доколку Пекинг и обезбеди материјална поддршка на Русија.

  • Свет 19.02.2023 16:42

    Макрон сака пораз на Русија во Украина, но не и нејзин целосен колапс

    За францускиот претседател војната во Украина не е само онаа на Европејците, таа влијае на целата планета, објаснуваше тој на Конференцијата за безбедност во Минхен.

  • Свет 19.02.2023 14:42

    Завршува спасувачката операција во Турција, регистрирани нови земјотреси

    Завршува потрагата по преживеани во подрачјата погодени од разорниот земјотрес во Турција. Официјалните податоци покажуваат дека бројот на загинати и натаму може да расте. Во катастрофата уништени се 345 илјади станови.

  • Свет 19.02.2023 12:27

    Деветмина загинати по циклонот „Габриел“ во Нов Зеланд

    Бројот на загинати од невремето „Габриел“ во Нов Зеланд се искачи на девет, а потрагата по исчезнатите во невремето сè уште трае. Полицијата претпоставува дека многумина немаат пристап до комуникации бидејќи околу 62.000 згради останаа без струја.

  • Свет 19.02.2023 12:23

    Вашингтон и Сеул со координирана воздушна вежба

    Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави одржаа комбинирана воздушна вежба во која учествуваше американски стратешки бомбардер како одговор на севернокорејското лансирање на интерконтинентална балистичка ракета еден ден претходно, соопшти јужнокорејската војска.

  • Свет 19.02.2023 12:19

    Гранатирано село во регионот Харков

    Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили го зазеле Хрекивка, село во источниот украински регион Харков. На брифингот на украинскиот Генералштаб доцна синоќа беше кажано дека Русите го гранатираат селото, но немаше информации за негово заземање.

Pages