Народна банка со две сценарија за движењето на македонската економија. Ризиците се присутни и во двете проекции, вели гувернерот. Според Богов, сега е пореална попесимистичката прогноза, којашто предвидува забавување на кредитната активност и на растот, под услов да продолжи политичката криза.
-
Економија 05.05.2016 16:37
-
Економија 05.05.2016 15:15
Раст на извозот од 6% во првиот квартал од годинава
Во првиот квартал годинава пораст на извозот за шест проценти изразено во денари споредбено со истиот период лани. Според државната статистика вредноста на извезената стока е над милијарда 86 милиони долари, поголема за 4,3 насто.
-
Економија 05.05.2016 15:06
Богов: Ризиците се присутни, продолжувањето на кризата ќе го намали растот
Економските фундаменти и натаму се здрави, а последните денови има намалување на притисокот на менувачкиот пазар, вели гувернерот Богов. Народната банка со две сценарија за движењата на македонската економија.
-
Економија 05.05.2016 14:55
Огласот за самовработување активен до 20-ти мај
Државата дава грантови за самовработување од 3 до 5 илјади евра. Огласот е активен до 20-ти мај. Можат да се пријават сите невработени, евидентирани во Агенцијата за вработување. Се работи за неповратна финансиска помош, со која невработените треба да се отпочнат сопствен бизнис.
-
Економија 05.05.2016 14:51
Анкета: Ефектот од странските инвестиции врз економијата е позитивен
Повеќе од 50 проценти од испитаниците се изјасниле дека ефектот од странските инвестиции врз македонската економија е позитивен, покажала анкетата што ја спроведе Здружението на млади аналитичари и истражувачи.
-
Економија 05.05.2016 13:44
Шест милиони евра за обнова на регионалниот пат Битола- Ресен- Буково
Градежните работи на регионалниот пат Битола – Ресен – Буково треба да финишираат до крајот на годинава. Инвестицијата изнесува 6 милиони евра – информираше министерот за транспорт, Владо Мисајловски. Ќе бидат реконструирани 27 километри.
-
Економија 05.05.2016 10:44
ЕЦБ: Во 2018-та се повлекува банкнотата од 500 евра
Европската централна банка најави дека до крајот на 2018-та година ќе престане да ги печати банкнотите од 500 евра.
-
Економија 05.05.2016 10:36
Редовна ревизија на макроекономските проценки
Гувернерот на Централната банка Димитар Богов денеска ќе ја презентира редовната ревизија на макроекономските проекции за домашната економија.
-
Економија 04.05.2016 15:55
НБРМ ја затегна монетарната политика
Централната банка ја реализира најавата на гувернерот и го поскапе позајмувањето пари. Донесе одлука за кревање на референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени. Наместо досегашните 3,25, каматата на благајничките записи е крената на 4% на годишно ниво.
-
Економија 04.05.2016 15:25
Подобрување на регулативата за поквалитетни човечки ресурси
Бизнисот бара измена на регулативата од Законот за средно стручно образование, финансиска поддршка за компаниите кои имаат трошоци за организирање практична работа за средношколците.










