Бојкотот на маркетите помина. Има ли ефект од вториот по ред петочки бојкот? Дали има корекција на цените откако граѓаните повторно испратија порака?
Известува Александра Велинова.
Бојкотот на маркетите помина. Има ли ефект од вториот по ред петочки бојкот? Дали има корекција на цените откако граѓаните повторно испратија порака?
Известува Александра Велинова.
Високото ниво на независност и кредибилитетот во работењето на Народната банка се едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и за макроекономската стабилност во изминатите години, и покрај неколкуте последователни кризи на светско ниво.
Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми треба да се запишат и да се евидентираат во Регистарот на Министерството за земјоделство и Агенцијата за ветеринарство сè додека трае поднесувањето на апликациите за финансиска поддршка.
Откако втора недела по ред се бојкотираше против високите цени во маркетите, Владата најави офанзивни мерки откако ќе го добие извештајот од Пазарниот инспекторат. Но, ќе се чешлаат и аптеки, како и продавници за бела техника.
Во постојан пораст цените на угостителските услуги. Инфлацијата, зголемените трошоци и порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето.
Профитот на осумте најголеми супермаркети во четврток и во петок е намален за 22,12 насто, покажува анализата на УЈП. Но, сепак граѓаните пазареле за 37 проценти повеќе отколку минатиот петок.
Телешката кртина достигна цена од над илјада денари, јунешкото се продава од 700 до 800 денари. За најголем дел од граѓаните телешкото е луксуз кој не можат да си го дозволат. Ги прашавме кога последен пат купиле телешко месо.
Зголемување на домашното производство, поттикнување на локалните производители, загарантирани откупни цени, но и на продажните трошоци, се дел од предлозите за да се стопира дивеењето на цените и да се скрати синџирот на добавувачи, посредници, трговци.
Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сè повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки.
Полупразни маркети, отсуството на редици на касите. Ваква беше сликата за вториот по ред најавен бојкот на маркетите поради високите цени.