На денешната 38-ма седница на Владата беа донесени низа важни одлуки кои се во интерес на граѓаните.
-
Економија 10.12.2024 16:31
-
Економија 10.12.2024 16:25
Предлог-буџетот пред пратениците: За власта развоен, за опозицијата расипнички
За власта развоен, за опозицијата расипнички. Предлог-буџетот за наредната година се најде пред пратениците. Министерката за финансии Кочоска најави силен инвестициски циклус, императив ќе биде и финансиската консолидација.
-
Економија 10.12.2024 15:30
Премиерот Мицкоски потпиша договор со швајцарска компанија „ДМ БАУ АГ“, ќе инвестираат седум милиони евра
Ставен потпис за влез на нова инвестиција во Македонија. Владата и швајцарската компанија „ДМ БАУ АГ“ си подадоа рака за изградба на фабрика за производство на модуларни објекти. Компанијата ќе биде лоцирана во Индустриската зона во Куманово. Ќе вложи 7 милиони евра и ќе се вработат 200 луѓе.
-
Економија 10.12.2024 14:58
Почна да се зголемува цената на тутунот
Една од 10-те откупни компании во земјава веќе потврди – од 375 ја зголеми првата класа тутун на 400 денари. Бидејќи тутунот се купува по прва класа, според Сојузот, ова е зголемување на цената на кое сметаат тутунарите. Очекуваат другите фирми да го следат примерот.
-
Економија 10.12.2024 14:24
Поевтинуваат Еуродизелот и Еуросупер БС-98
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18% во однос на одлуката од 02.12.2024 година.
-
Економија 10.12.2024 13:28
На седница дополнителниот Предлог- буџет за 2025
На пленарна седница пред пратениците е дополнетиот Предлог-буџет за идната година. Расправата ќе трае пет дена. Според Владата тој е развоен, поткрепен со инвестиции. Се очекува раст на економијата од 3,7 проценти, а инфлацијата да се намали на 2,2 насто. -
Економија 10.12.2024 13:23
„ДМ БАУ АГ“ ќе инвестира седум милиони евра
Нова инвестиција во Македонија. Премиерот Мицкоски денеска потпиша договор со швајцарската компанија „ДМ БАУ АГ“. Новата фабрика ќе стартува иднава година, а локацијата ќе биде во Куманово. Инвестицијата чини седум милиони евра.
Борис Грујоски се јавува од Владата.
-
Економија 10.12.2024 08:17
Предлог-буџетот за 2025 на собраниска седница
Дополнетиот Предлог-буџет за идната година собраниска седница. Расправата трае најмногу пет дена. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 а расходите од 400, 2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4 проценти од планираниот БДП.
-
Економија 10.12.2024 08:14
Годишен извештај на Европската комисија за поглавје во рибарството
Новиот Закон за рибарство и аквакултура е во голема мера усогласен со правото на ЕУ за пазарната политика, особено за ЕУ одредбите за стандарди, информации за потрошувачите, структурна поддршка и државна помош.
Меѓутоа, законот не е целосно усогласен со Европското право за аквакултура.
-
Економија 09.12.2024 11:08
Влада: Раст на БДП од три проценти во третиот квартал
За прв пат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година, соопштуваат од владината прес-служба.










