На социјалните мрежи нов повик за бојкот на дел од маркетите. Во петок на сите големи трговски ланци. Ќе се проширува ли оваа иницијатива.
Известува Борис Грујоски.
На социјалните мрежи нов повик за бојкот на дел од маркетите. Во петок на сите големи трговски ланци. Ќе се проширува ли оваа иницијатива.
Известува Борис Грујоски.
Во Владата во тек е седницата на Економско-социјалниот совет. Синдикатите, работодавците и власта на маса, се очекува нова рунда преговори и за минималната плата. На дневен ред е и начинот на пресметка на синдикалната кошница.
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница на која ќе се разгледаат можностите за зголемување на минималната плата, што како барање го поставија синдикатите.
Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: гази баба, Струмица, Пехчево, кисела вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.
Петре Димитров произведува и продава ориз 45 години. Од 30 декари, ожнеа 18 тони род. Тој е еден од малкумината кој арпата ја носи на преработка и продава бел ориз на пазарите низ државата. Вели, не сака да зависи од откупувачите.
„Се случува во сезона и по три ноќи да не се спие, се работи 24 саати. Утредента пак и пак исто и паѓаш едноставно паѓаш, не можеш да издржиш“, вели Трајанка Златковиќ, земјоделка.
Продолжување на инвестицискиот циклус, зголемување на извозот и подобрување на стандардот на вработените ќе овозможи поволниот унгарски кредит кој има грејс период од три години и ниска каматна стапка од 1,95 проценти.
Преполовен прометот во маркетите поради бојкотот. Осумте најголеми маркети во земјава имале заработка од 114 илјади денари или речиси 47 отсто помалку во споредба со претходниот ден, но и со минатиот петок. Анализата ја објави УЈП, според бројот на издадени фискални сметки.
Се заокружи постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите.
Во втората половина од 2024 година Царинската управа наплати над една милијарда евра приходи.