Државниот долг е намален за повеќе од 40 милиони евра, а јавниот долг за над 20 милиони евра во вториот квартал од годината, вели премиерот Мицкоски.
Известува Миле А. Ристески
Државниот долг е намален за повеќе од 40 милиони евра, а јавниот долг за над 20 милиони евра во вториот квартал од годината, вели премиерот Мицкоски.
Известува Миле А. Ристески
Пазарот на недвижности во земјава бележи зголемена активност во вториот квартал од годинава.
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година.
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра.
Вкупно 147 лица во земјава остваруваат исплата на пензија од вториот пензиски столб заклучно со 30-ти јуни годинава. Според податоците на МАПАС на овие корисници им се исплатени 1.452.089 денари. Просечната нето износ по корисник изнесува 99.878 денари.
Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор.
Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана.
Цената на нафтените деривати на светската берза постојано осцилира што се рефлектира и на домашниот пазар, но очекувањата се дека од понеделник ќе има намалување.
Сериозна неизвеснот со цените на нафтените деривати. Премиерот Мицкоски очекува следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, по последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, со која малопродажните цени беа зголемени во просек за 4,55 проценти.
Основната каматна стапка од 4,25 проценти останува непроменета, одлучи извршниот одбор на Народната банка. Одлуката се заснова на забавувањето на инфлацијата, која во јуни изнесувала 3,4 проценти, но и на зголемената неизвесност поради геополитичките тензии и повисоките цени на енергенсите.