„Електрани на Македонија“ соопшти дека денеска претпладне, поради планиран зафат, е исклучен од енергетскиот систем третиот блок на термоцентралата во Битола, но сите потреби на тарифните потрошувачи се задоволуваат целосно со електрична енергија од домашните капацитети.
-
Економија 31.01.2017 13:44
-
Економија 31.01.2017 12:48
Зголемен бројот на работниците во индустријата
За 0,1 отсто е зголемен бројот на работниците во индустријата минатата година, а во декември 2016 во однос на истиот месец 2015 бележи пад од 0,9 проценти.
-
Економија 31.01.2017 10:29
Продолжена забраната за работа на „Југохром“ за дополнителни 90 дена
Уште три месеци забрана за работа на „Југохром“. Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.
-
Економија 30.01.2017 16:18
Домашната металургија бара решавање на системските проблеми
Домашната металургија не бара од државата посебен третман, ниту пак, субвенции, туку решавање на системските проблеми кои ќе овозможат нормално и континуирано работење на компаниите од овој сектор и подобрување на нивината конкурентност.
-
Економија 30.01.2017 15:27
Родовиот јаз во платите штетен за економскиот раст
За исто работно време и на исто работно место жените во просек заработуваат за 12 насто помала плата од мажите. Наместо осум часа, за да не постои јазот тие треба да си заминат од работа речиси саат време порано- говорат анализите на Институтот за економски истражувања.
-
Економија 30.01.2017 13:10
Индустриското производство лани со раст од 3,5 проценти
Индустриското производство во минатата година забележа раст од 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, индустриското производство бележи раст од 3,4 проценти во декември минатата година во споредба со декември претходната година.
-
Економија 30.01.2017 12:07
Зголемување на капацитетите на Државниот завод за статистика
Почна твининг проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење капацитети и унапредување на усогласеноста со стандардите на ЕУ“, финансиран од Европската унија.
-
Економија 30.01.2017 10:11
Потреба од соодветен стручен кадар
Стопанствениците бараат стручен кадар и занаетчиски остручени лица за да понудат квалитет и добро завршена работа. Посебно, градежниците се жалаат од недостиг на мајсторска, квалитетна работна рака.
-
Економија 27.01.2017 16:26
Мерките за отворање нови работни места даваат резултати
Во изминатите 10 години во земјава се отворени речиси 7.000 бизниси, 35 насто од млади преку мерката за самовработување. Надлежните велат дека проектите даваат резултати. Бројките покажале дека невработеноста во главниот град паднала за 49,7 проценти, а вработеноста растела за 39,8 насто.
-
Економија 27.01.2017 14:47
Кооперантите на „Струмица табак“ ги раскинуваат договорите
Околу 3.500 македонски тутунари ги раскинуваат договорите со „Струмица табак“ и родот од 3.300 тони го предаваат во три компании кои се обврзаа да го преземат. „Струмица табак“ е во стечај, но на тутунарите целосно ќе им биде откупен родот.










