• Економија 13.02.2017 16:28

    Расте бројот на туристи, потребна е поголема промоција

    Политиката за поддршка на туризмот дава резултати- велат од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора. Сепак, сметаат дека се потребни нови чартер линии, промоција на автокапмовите и поголема комуникација меѓу приватниот и јавниот сектор.

  • Економија 13.02.2017 14:36

    Зимска прогноза на ЕК: Македонија годинава со раст од 3,2%, во 2018-та 3,6%

    Според прогнозата на Европската комисија годинава, Република Македонија се очекува да забележи економски раст од 3,2%. Тоа би бил шести резултат во Европа, зад Романија која е лидер со 4,4% раст на БДП.

  • Економија 13.02.2017 08:28

    Евростат ќе го оценува македонскиот статистички систем

    Експерти на Евростат ќе спроведат партнерско оценување на националниот статистички систем на Македонија.

  • Економија 10.02.2017 16:24

    Продолжува блокадата, штети трпат и превозниците и компаниите

    Грчките фармери се на чекор од радикализација на протестите. Граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај, а камионите се пренасочуваат кон граничниот премин Дојрани, иако патот кон него беше блокиран 2 часа. Единствено функционираше преминот Меџитлија кој е отворен за сообраќај.

  • Економија 10.02.2017 15:21

    Завршува откупот на тутунот

    Завршува откупот на тутунот во земјава. Главнината на реколтата, преку 21 000 тони, веќе ја презедоа девете откупувачи со просечна цена од 196 денари. Остануваат неполни илјада тони, тутутнарите да го предадат на вагите. Реколтата квалитетна, производителите, главно задоволни.

  • Економија 10.02.2017 12:43

    Беслатно впишување имот во 31 катастарска општина

    Само 100.000 катастарски парцели имаат запишани права на сопственост во изминативе неколку години, остануваат повеќе од 300.000. Програмата на Агенцијата за катастар за 2017-та предвидува бесплатно запишување на правото на сопственост во 31 катастарска општина.

  • Економија 10.02.2017 10:32

    1,5 милиони евра субвенции за рибарство

    Со 1,5 милиони евра во 2017 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

  • Економија 09.02.2017 16:45

    50 милиони евра за енергетска поддршка на Балканот

    Со 50 милиони евра ќе се финансираат енергетски проекти во државите од Западен Балкан за да се зголемат заштедите на електрична енергија и да се намалат емисиите на штетни гасови. Европската Унија потпиша договор со финансиските институции.

  • Економија 09.02.2017 15:49

    Во Прилеп отворен Инфо- кариерен центар

    28 млади во Прилеп, од социјално загрозени семејства наредните месеци ќе се обучуваат за занимањата кои им лежат, а за кои има потреба пазарот на трудот и кои ќе им ги отворат вратите во бизнис секторот. 8 од нив ќе добијат и можност за практична работа.

  • Економија 09.02.2017 11:31

    Eнергетските реформи клучни за Западен Балкан

    Во Скопје денеска се одржа состанок на министри за енергетика на земјите од Западен Балкан вклучени во „Берлинскиот процес“ на кој е домаќин вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, а присуствуваше еврокомесарот за добрососедска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан.

Pages