Соединетите Американски Држави ги имаат најсовремените финансиски компании што нудат услуги на клиентите преку интернет, но нивната работа честопати е блокирана од регулативите на федералните власти.
-
Економија 09.02.2017 10:27
-
Економија 09.02.2017 10:19
Електронска евиденција на откуп на земјоделски производи
Се воведува електронски систем за водење на регистарот на откупувачи на земјоделски производи со целосна евиденција на родот, од договорените количества со производителите, до откупните цени и нивната исплата.
-
Економија 08.02.2017 16:16
Пристигна шестиот патнички воз од Кина
Во март, двата нови електровоза ќе почнат да сообраќаат од Скопје кон Гевгелија, останатите четири ќе возат долж желеничката мрежа во земјава. Комплетирана набавката на патничките гарнитури од Кина, инвестиција тешка 25 милиони евра.
-
Економија 08.02.2017 15:39
Грчките земјоделци не попуштаат, блокадата проблем за домашното стопанство
Многубројните реакции и барања резултираа со пропуштање на 9 цистерни со нафтени деривати на ОКТА преку граничниот премин Евзони кој поради штрајк на грчките земјоделци сѐ уште е затворен за сообраќај, додека премините Дојран и Меџитлија на македонско-грчката граница се отворени.
-
Економија 08.02.2017 15:07
Пристигна и шестиот патнички воз на МЖ Транспорт
Пристигна и последниот од шесте патнички возови, нарачани од кинески ЦСР за обнова на возниот парк на Македонски железници- Транспорт. Инвестицијата е вредна 25 милиони евра. Потпишан е договорот и за набавка на нови локомотиви во вредност од 8,7 милиони евра.
-
Економија 08.02.2017 12:57
ЕЛЕМ: Производството на струја во јануари натрфлено за 8,61 проценти
Производството на електрична енергија во јануари е натфрлено за 8,61 проценти, соопштија од Електрани на Македонија. Од компанијата информираат дека поради екстремно ниските температури, потрошувачката била значително повисока, но сите потреби биле задоволени.
-
Економија 08.02.2017 10:53
Граѓаните најмногу бараат станбени и потрошувачки кредити
Условите за кредитирање во четвртиот квартал кај населението се олеснети, а побарувачката е зголемена за станбени и потрошувачки кредити, покажува анкетата на НБРМ во која учествувале 14 банки.
-
Економија 07.02.2017 16:25
Ќе се произведуваат пелети од земјоделскиот отпад во Македонија
Од шумскиот и земјоделски отпад ќе се произведуваат пелети. Македонски шуми потпиша меморандум со словачка компанија. Ќе се гради фабрика, инвестиција вредна 10 милиони евра, ќе има и дистрибутивна мрежа.
-
Економија 07.02.2017 13:12
АВРМ: Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд
Службеници, книговодители, масер, негователи на стари лица... Агенцијата за вработување ќе спроведува обуки на лица до 29 години за побарувани занимања на пазарот на труд. 220 активни баратели на работа, може да аплицираат на повикот.
-
Економија 07.02.2017 12:19
Во Солунското пристаниште заглавени 120.000 тони товар за Македонија
Протестите на грчките земјоделци и блокадата на граничниот премин Евзони – Богородица предизвикуваа штети за македонската економија. Освен зголемените трошоци за транспортерите, и компаниите увознички имаат проблеми.










