Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.797 странски државјани, од кои 1.179 се од машки пол, 540 се од женски, 950 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 128 деца кои патуваат без ро
Вести
-
Македонија 03.12.2015 10:59
-
Македонија 03.12.2015 10:53
Пукање во скопско Грчец: Две лица убиени, едно тешко повредено
Две лица се убиени, а едно со тешки телесни повреди е пренесено во градската болница „Наум Охридски“ во Скопје, откако синоќа околу 23 часот на влезот во село Грчец било пукано во возилото во кое се наоѓале. -
Македонија 03.12.2015 10:49
ИН МЕМОРИАМ: Мелита Абјаниќ-Стојисавлевиќ
На 58-годишна возраст, вчера ненадејно почина Мелита Абјаниќ-Стојисавлевиќ, секретар асистент по режија во Македонската телевизија.
-
Свет 03.12.2015 10:46
САД: Почнаа подготовките за престојните празници
Поставени божиќни елки ја прават празничната атмосфера во Вашингтон. Пристигна и божиќната елка за Белата куќа од фармата за елки во Ленсдејл, Пенсилванија, што браќата Бастерд ја предадоа на првата дама Мишел Обама.
-
Македонија 03.12.2015 10:38
Нова седница на Анкетната комисија
Нова седница на Анкетната комисија за прислушувањето. Пратеничките групи треба да достават предлог-програма за работа и листа со тројца сведоци. Три прашања од по пет минути и исто толку време за одговор, стои во Деловникот.
-
Македонија 03.12.2015 10:37
Собранието ќе ја продолжи расправата за Извештајот на ЕК за Македонија
Во Собранието, пратениците треба да ја продолжат дебатата за последниот извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија. И годинава комисијата ја продолжи препораката за старт на преговорите за членство во Европската унија, но под услов да се исполни договорот од Пржино.
-
Економија 03.12.2015 10:33
МФ врати 57 милиони евра во стопанството по основ доспеани ДХВ
Министерството за финансии денеска исплати 3,5 милијаради денари (57 милиони евра) за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност.
До 6 декември по овој основ ке бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра).
-
Македонија 03.12.2015 10:23
Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Белград
Шефот на македонската дипломатијата Никола Попоски учествува на редовниот Министерски совет на ОБСЕ што се одржува во Белград. Учеството го потвдија претставници на околу 70 држави и 46 министри за надворешни работи кои ќе разговараат за тероризмот и за миграциската криза.
-
Економија 03.12.2015 10:20
Нов оглас за закуп на Џумајлија
Покрај површините на Џумајлија во Свети Николе од 3.300 хектари, на огласот се понудени и помали парцели во Струмица, Ресен и во Струга.
-
Свет 03.12.2015 10:10
Масакр во Калифорнија: 14 загинати, 17 повредени во нападот во Сан Бернардино
14 загинати и 17 повредени е билансот од инцидентот во јужниот калифорниски град Сан Бернардино, откако тројца вооружени напаѓачи отвориле оган за време на прославата во Центарот за лица со посебни потреби.










