Владата денеска ја исплати пензијата за овој месец. На сметките на 300.047 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари.
Вести
-
Економија 04.12.2015 11:10
-
Свет 04.12.2015 10:54
Албанската опозиција бара предвремени избори
Албанската опозиција бара оставка на владата и предвремени избори како единствен излез од состојбата во која се наоѓа земјата.
-
Македонија 04.12.2015 10:39
Времен прекин на сообраќајот на патот Пресека - Врбјани
Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека село Врбјани, денеска од 12:30 до 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
-
Македонија 04.12.2015 10:34
Фронтекс доаѓа на македонско-грчката граница
Европските гранични сили ќе се распоредат на македонско-грчката граница. ОБСЕ на состанокот во Белград реши од наредната недела, 400 припадници на Фронтекс да помагаат со регистрацијата на бегалците и на мигрантите.
-
Македонија 04.12.2015 10:30
Во Собранието продолжува расправата за извештајот на ЕК
Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, за кој во рамки на 74. седница пратениците расправаа во понеделникот и вчера.
-
Свет 04.12.2015 10:26
ЕУ решава за воведување контрола на внатрешните граници
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за можноста за воведување контрола на внатрешните граници во рамките на Шенген зоната за период од две години, како една од мерките за справување со приливот на имигранти.
-
Македонија 04.12.2015 10:24
Претседателот на чешкиот Парламент во посета на Македонија
Претседателот на чешкиот Парламнет во официјална посета на Македонија. Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин, собранискиот спикер Вељаноски. Ќе се обрати и пред македонските пратеници.
-
Свет 04.12.2015 10:22
Најмалку 12 жртви во напад со молотов коктел во ноќен клуб во Каиро
Најмалку 12-мина загинаа, шестмина се повредени откако вооружен маж фрлил молотов коктел во ноќен клуб во Каиро.
Според првичните неофицијални информации, напаѓачот бил поранешен вработен во ноќниот клуб.
-
Економија 04.12.2015 10:17
Зголемен откуп на градинарски и фуражни култури
Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во третиот квартал од годинава биле помали за 5 проценти од лани.
-
Свет 03.12.2015 17:23
Сан Бернардино: Најкрвав вооружен напад во САД
14 мртви и 17 ранети, е билансот од најкрвавиот вооружен напад во САД. Брачната двојка Сајед Фарук и Ташфин Малик вооружени со оружје, носејќи маски и заштитни елеци отвориле оган врз божиќна забава за вработените во центарот за социјални работи во Сан Бернардино, Калифорнија.










