Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ различни избирачки места каде се гласа во вториот круг од локалните избори.
Миле А. Ристески се јавува од Тетово, каде граѓаните избираат градоначалник на општината.
Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ различни избирачки места каде се гласа во вториот круг од локалните избори.
Миле А. Ристески се јавува од Тетово, каде граѓаните избираат градоначалник на општината.
И жителите на Општина Карпош денеска избираат кој ќе биде градоначалник. Како се одвива изборниот процес, известува Анита Никушева.
Гласањето на вториот круг од локалните избори почнува во 7 часот и трае непрекинато до 19 часот. Освен во четирите општини каде се избира кој ќе раководи со општината, во преостанатите граѓаните гласаат за градоначалник на главниот град.
Ана Јосифоска известува од Гази Баба
Остануваат уште помалку од 2 часа до затворање на избирачките места во вториот круг локални избори. Граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 гласачи. Излезноста е речиси на ниво како и во првиот круг.
Во Скопје се избира градоначалник во четири општини-во Аеродром, во Центар, во Карпош и во Шуто Оризари. Во Аеродром граѓаните денеска на гласачките места добиваат по две избирачки ливчиња за гласање на градоначалник на општината и за Градот Скопје.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски
До 15 часот излезеноста на локалните избори во земјава изнесува 30,26 проценти, а во Град Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.
Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ различни избирачки места каде се гласа во вториот круг од локалните избори. Петар Печков денеска известува од тиквешијата.
Општините Сарај и Чаир гласаат само за градоначалник на главниот град. Според последните информации од ДИК имаат најмала излезност.
Известува Ана Јосифоска
И Шуто Оризари е една од четирите каде се гласа за градоначалник на општината, а на три избирачки места се повторува гласањето и за советници.
Наташа Јанчиќ- Менковски е во едно од избирачките места.