Во вториот круг се избира градоначалник и во општина Неготино. Како тече гласањето досега во оваа општина?
Петар Печков известува оттаму.
Во вториот круг се избира градоначалник и во општина Неготино. Како тече гласањето досега во оваа општина?
Петар Печков известува оттаму.
Во 44 општини беа избрани градоначалници во првиот круг од овие 8-ми по ред локални избори, Кисела Вода беше една од тие општините, но во вториот круг гласачите на општината имаат можност да го изберат и првиот човек на Градот Скопје.
Кумановчани во вториот круг имаат можност да изберат кој ќе раководи со градот во наредните четири години. Како се одвива изборниот процес во Куманово, известува Елена Георгиевска.
Продолжуваат нападите меѓу Москва и Киев. Русите удрија во Запорожје и Одеса. Десетици илјади луѓе се без струја. Украинците возвраќаат со напади врз нафтен терминал во Црно Море. На фронтот во Покровск, борбите жестоки.
Министерството за внатрешни работи во близина до избирачките места, постави полициски службеници за поголема ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.
Излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија е 2,88%, истакнаа од Државната изборна комисија.
До 9 часот, вкупно гласале 22.379 гласачи.
Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да има гласање. Причината е недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.
Во вториот круг се решава и за изборот на градоначалник во општина Могила. Александра Максимовска известува, како се одвива гласањето во Могила.