На 14.12.2025 во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.
Вести
-
Македонија 15.12.2025 09:47
-
Македонија 15.12.2025 09:37
Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Косово
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван во Скопје и околината утрово во 07 часот и 20 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Свет 15.12.2025 09:33
Продолжуваат разговорите за крај на војната во Украина
Специјалниот претставник на САД, Виткоф, изјави дека за време на средбата во Берлин за завршување на војната во Украина е постигнат голем напредок. Дебатата продолжува денеска. На разговорите покрај високите американски претставници учествува и украинскиот претседател и германскиот канцелар.
-
Македонија 15.12.2025 09:20
Спречен увоз на 26 тони пилешко од Бразил
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска како небезбедна храна. Пратката е вратена во земјата извозник – Бразил.
-
Свет 15.12.2025 09:14
Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле
Десничарот Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле освојувајќи убедливи 58 насто од гласовите против левичарската кандидатка Жанет Хара, која освои 42 процента.
-
Македонија 15.12.2025 08:51
Седница на собраниската Комисија за европски прашања
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање со европско знаменце.
Овластен предлагач е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-
Свет 15.12.2025 08:36
Знамињата на половина копје по нападот во Сиднеј
Знамињата во Сиднеј на половина копје по смртоносниот напад на плажата Бонди. Двајца вооружени напаѓачи убија најмалку 16 и ранија десетици лица на еврејски настан. Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука.
-
Македонија 15.12.2025 08:27
АМСМ: Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, инфрмира АМСМ.
-
Македонија 15.12.2025 08:14
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе виде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
-
Економија 14.12.2025 19:04
Охрид со целосно исполнети капацитети за празниците
Охрид ќе биде исполнет со туристи за новогодишните празници. Најбројни ќе бидат гостите од регионот – Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Црна Гора.










