По седумнаесет часа, без договор завршија преговорите меѓу грција и меѓународните кредитори. Двете страни не успеале да најдат заедничко решение за банкарските кредити.
Вести
-
Свет 16.11.2015 10:35
-
Македонија 16.11.2015 10:33
Јолевски во работна посета на САД
Министерот за одбрана Јолевски од денеска е во неколкудневна посета на Соединетите американски држави и Канада, каде што ќе оствари голем број средби со сенатори и конгресмени.
Јолевски ќе има средба и со заменик помошникот на одбраната на САД, Лаура Грос.
-
Македонија 16.11.2015 10:30
Собранието треба да одобри оглас за нови членови на ДИК
Собранието денеска на пленарна седница ќе расправа по предлог одлуката за распишување оглас за нови членови на Државната изборна комисија.
Според договорот меѓу 4-те најголеми политички партии, ДИК треба да има 9 члена, по тројца од власта и од опозицијата, и тројца експерти.
-
Македонија 16.11.2015 10:27
Тутун: Мострите се изработени, откупот може да почне
На 27 ноември ќе се полага вториот практичен дел од испитот за добивање лиценци за проценка на тутунот. Годинава имаше 38 нови кандидати кои ги исполнуваат условите, а за откупот на вагите ќе работат вкупно 434 лиценцирани проценители.
-
Свет 16.11.2015 10:08
Франција го возвраќа ударот, в петок вонреден состанок на министрите на ЕУ
Франција го возврати ударот. Француските воени сили жестоко ги напаѓаат позициите на Исламска држава во Рака, Сирија. Погодени се регрутен центар на џихадистите, магацин за оружје и камп за обука на деца-борци.
-
Економија 15.11.2015 15:15
Груевски: Инвестиции од 600 милиони евра за проекти во Железницата
Со промотивно возење на релацијата Скопје - Велес денеска e пуштен во сообраќај нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од кинеската компанија ЦРРЦ, прв од шесте патнички возови набавени со владиниот проект за обнова на возниот парк на железницата. -
Свет 15.11.2015 10:34
Идентификуван првиот напаѓач во Париз
Првиот идентификуван бомбаш-самоубиец во терористичките напади во Париз е Омар Исмаил Мостефаи, кој на француската полиција и е познат како ситен криминалец.
Тој е препознат според отисокот на прстот, кој е пронајден меѓу урнатините на концертната сала Батаклан.
-
Македонија 15.11.2015 10:27
Нема македонски државјанин осомничен за поврзаност со „Париската група“
Германските власти негираат дека државјанин на Македонија пред неколку дена бил приведен во Германија со автомобил полн со оружје.
-
Македонија 15.11.2015 10:21
Од денеска задолжително зимска опрема во возилата
Од денеска почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. -
Македонија 15.11.2015 09:12
Советот за безбедност договори мерки за евентуална ескалација на мигрантската криза
Советот за безбедност на седницата која беше свикана од претседателот Иванов поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и предизвиците од мигрантската криза, изрази најостра осуда за терористичките напади во Париз и длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Францус










