Вести

  • Македонија 13.11.2015 13:42

    Во понеделник одлука за оглас за нови членови на ДИК

    Собранието в понеделник на пленарна седница ќе расправа по предлог одлуката за распишување оглас за нови членови на Државната изборна комисија.

  • Свет 13.11.2015 13:13

    ЕУ со финансиска помош за Турција

    Европската унија ќе и даде 3 милијарди и 200 милиони евра на Турција, за справување со бранот бегалци од Блискиот Исток и од Африка.

  • Македонија 13.11.2015 12:52

    Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“

    Во скопскиот Кривичен суд, уште едно, петто одложување на рочиштето за случајот „Пуч“. Причина- повторно непојавувањето на четвртообвинетиот Зоран Заев.

    Образложението на неговата одбрана беше дека имал меѓународни активности и приложија копија од авионскиот билет.

  • Македонија 13.11.2015 12:50

    Министерот Спасовски со одлука за престанок на пренесените овластувања

    Само 24 часа од поставувањето на функцијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат

  • Македонија 13.11.2015 12:09

    Трајановски на средба со борците од градскиот одбор на НОАВМ

    Во чест на 13-ти ноември, Денот на ослободување на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија.

  • Македонија 13.11.2015 11:59

    МВР: За 24 часа издадени 2.897 потврди за азил

    Во последните 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.897 странски државјани, од кои 1.531 се од машки пол, 481 се од женски, 634 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопштија од МВР.

  • Свет 13.11.2015 11:53

    Курц: Бегалската криза е надвор од контрола

    Бегалската криза е надвор од контрола, неопходна е поголема безбедност на границите на Европската Унија. Ако тоа не се случи, сѐ повеќе земји ќе почнат самостојно да ја решаваат кризата, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

  • Свет 13.11.2015 11:46

    САД: Во напад на конвој, најверојатно убиен Џихади Џон

    Американските дронови извршија напади на конвој возила, на територијата на Сирија, во близина на градот Рака, под сомнение дека бил лоциран припадник на Исламска држава, познат како Џихадистот Џон, кој ги врши егзекуциите на заробениците, соопшти Пентагон.

  • Македонија 13.11.2015 10:39

    Скопје го одбележува Денот на ослободувањето

    Скопје го одбележува 13-ти ноември, Денот на ослободувањето. Владина делегација, од Градот Скопје и од политичките партии, ќе положат свежо цвеќе на партизанските гробишта, пред споменикот на Генерал Михајло Апостолски во Бутел, и пред спомен обележјето на Ослободителите на Скопје.

  • Македонија 13.11.2015 10:33

    Операционите сали на дигестивна хирургија и денеска затворени, освен за итните случаи

    Лекарите со поддршка за нивниот колега, кој пред четири дена беше повреден со огнено оружје на Клиниката за дигистивни болести. Побараа поголема соработка со здравствените власти, подобрување на своите позиции во општеството и поголем квалитет во лекувањето на пациентите.

Pages