Според првичните неофицијални информации од истрагата за рускиот Ербас кој во саботата се урна на Синајскиот Полустров, експлозија на бомба ја предизвикала несреќата, соопштија американски и европски безбедносни сили.
Вести
-
Свет 05.11.2015 15:25
-
Свет 05.11.2015 15:19
Словенија: На 20-ти декември референдум за истополови бракови
Пратениците во словенечкиот Парламент донесоа одлука, на 20-ти декември да биде одржан референдум за истополовите бракови.
Невладината организација „Децата се во прашање“, успеа да собере 40.000 потписи, потребни за одржување на референдум.
-
Македонија 05.11.2015 15:16
Јакнење на капацитетите на затворите
Од Европските фондови во изминативе три години во Македонија влегле над 2 милиона евра за да се поправат условите во затворите, за да се зајакнат капацитетите и да се обезбеди заштита на човековите права. Оценката е дека проектот е завршен успешно, но горливиот проблем останува.
-
Македонија 05.11.2015 15:12
Тимот на Јанева од понеделник почнува со работа
Се докомплетира тимот на спeцијалната обвинителка Јанева. Во него се дванаесет помошници. Дадоа свечена изјава дека совесно и непристрасно ќе ја вршат работата. Од понеделник ќе ги засукаат ракавите.
-
Македонија 05.11.2015 15:08
Ивештајот за Македонија најверојатно ќе биде објавен наредната недела
Европската комисија најверојатно наредната недела ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија. Тој ќе биде објективен, со неколку димензии, меѓу кои и заложбата за спроведување на политичкиот договор и динамиката на владиниот акциски план за реформи.
-
Економија 05.11.2015 14:56
Потпишани договорите за инвестицијата на германската компанија „Костал“
Премиерот Груевски оствари средба со менаџментот на германската компанија „Костал“. Потпишани се договорите за реализација на инвестицијата во Охридско-струшката индустриска зона. Според првичните најави, „Костал“ ќе вработи илјада лица.
-
Култура 05.11.2015 14:27
„Синедејс“ од 12-ти до 21-ви ноември
Годинашново 14-то издание на „Синедејс“ ќе се отвори со премиерата на македонскиот филм „Три дена во септември“ на режисерот Дарјан Пејовски.
Ќе се одржи од 12-ти до 21-ви месецов, под мотото „Европа тоа најдобро го прави“. Ќе бидат прикажани 100-тина филмови во неколку програми.
-
Македонија 05.11.2015 14:17
Украден сеф од Инфективната клиника
Непознат сторител вчера попладне меѓу 15.00 до 19.30 часот извршил кражба на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Економија 05.11.2015 13:37
ЕК: Македонија догодина со трет најголем раст на БДП во Европа
Република Mакедонија догодина ќе има трет најголем економски раст во Eвропа, се наведува во есенската прогноза на Eвропската комисија. Со раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти, единствено ќе бидеме зад Ирска и Романија.
-
Култура 05.11.2015 13:33
Утре почнува 27-то издание на „Скомрахи“
Утре во Драмскиот театар почнува 27-то издание на „Скомрахи“. Ќе трае до 10-ти месецов. Отворањето е со дипломската претстава „Сината соба“ на класата на професорот Златко Славенски.










