Освен на земјоделската, одекнува и звукот на градежната механизација во пелагониската рамница. Започна рехабилатирањето и асфалтирањето на главната инфраструктурна артерија 19 километарската делница Новаци- Клепач.
Вести
-
Македонија 04.11.2015 15:30
-
Економија 04.11.2015 15:22
Рекорден раст на станбените кредити
Ниските каматни стапки го потикнаа кредитниот раст. Според податоците на НБРМ станбените кредити за само една година пораснале за 4,4 милијарди денари или за 73 милиони евра, што е рекорден раст од 18 проценти.
-
Економија 04.11.2015 14:58
Македонија 2025 ќе презентира стратешки развојни цели за земјата на ноемврискиот самит
Македонија2025 го организира третиот економски самит што ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември. На овој самит на едно место ќе се соберат врвни експерти, аналитичари и претприемачи од повеќе земји во светот, кои ќе зборуваат за економскиот развој и за напредокот на Македонија.
-
Свет 04.11.2015 14:54
Преоптовареност- причина за уривањето на рускиот товарен авион во Јужен Судан?!
Нова авионска несреќа. Повеќе од 40 луѓе загинаа, откако се урна руски товарен авион „Антонов“ на оддалеченост од речиси километар од аеродромот во Џуба, во Јужен Судан. Портпаролот соопшти дека во несреќата има двајца преживеани, еден член на екипажот и едно дете.
-
Култура 04.11.2015 14:48
Ќе се реконструира гледалиштето на театарот во Скупи
Започната е реконструкцијата и конзервацијатана сценската зграда на тетарот Скупи. Рокот за завршување е шест месеци. За гледалиштето идејниот прокет е завршен. Според динамиката во декември треба да се распише тендер за избор на фирма која ќе го реконструира гледалиштето на театарот Скупи.
-
Култура 04.11.2015 14:23
Концерт на „Рускиот Паганини“ со симфонискиот оркестар на ФМУ
„Рускиот Паганини“, како што го нарекуваат виолинистот Максим Федотов, вечерва настапува пред македонската публика, со симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност. „Скопје класик“- настан за кој секоја година се бара карта повеќе.
-
Македонија 04.11.2015 14:13
Поднесено обвинение за 29 лица за случувањата во „Диво насеље“
Половина година по терористичката пресметка во кумановската населба „Тоде Мендол“, подигнато е обвинение против 29-мина уапсени за тероризам. Освен за ова кривично дело, се товарат и за формирање терористичка организација.
-
Македонија 04.11.2015 13:48
Миновски нов директор на УЈП, Трајковски оди на друга функција
Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција.
-
Свет 04.11.2015 13:18
Романскиот премиер поднесе оставка
Романскиот премиер Виктор Понта поднесе оставка на функцијата. Го предавам мандатот, давам оставка, се надевам дека тоа го бараа луѓето кои вчера протестираа, изјави Понта, по состанокот со коалициската влада.
-
Свет 04.11.2015 13:17
Ерупција на вулкан и земјотрес во Индонезија
Вулканот Маунт Рињани на индонезискиот остров Ломбок исфрлил пепел и камења во височина од 3500 метри, а истовремено е почувствуван и силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер, јавува агенцијата Бета повикувајќи се на информациите од Националната агенција за ублажување на катастрофи.










