Во периодот јануари- август годинава странските директни инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра. Статистиката покажува раст за шест проценти, односно 8,7 милиони евра во однос на истиот период лани.
Вести
-
Економија 03.11.2015 12:58
-
Македонија 03.11.2015 12:40
Распишан конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година
Министерството за образование доделува 745 стипендии во 6 категории за средношколците од јавните и приватните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Огласот е објавен денеска, се со цел учениците да имаат доволно време да ја подготват потребната документација.
-
Македонија 03.11.2015 12:32
МВР: За 24 часа издадени 3.965 потврди за азил
Во последниве 24 часа МВР издаде се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.965 странски државјани.
-
Свет 03.11.2015 12:25
Нападнати позиции на ПКК
Турските воени авиони бомбардирале бази на забранетата Курдска работничка партија во Турција и во Северен Ирак. Притоа биле уништени засолништа, пештери и магацини со оружје на сепаратистичката терористичка организација.
-
Култура 03.11.2015 11:59
Промовирана монографијата „Прилеп- милениумско пулсирање 1014-2014“
На 600 страници се раскажани илјадагодишната историја, култура и напредок на Прилеп. Градот за прв пат доби сеопфата монографија насловена „Прилеп -милениумско пулсирање 1014-2014“.
-
Македонија 03.11.2015 11:54
„Легатум“: Македонија се искачи четири места на индексот за просперитет
Македонија се искачи четири места на индексот на просперитет на британскиот институт „Легатум“. Земјава е на 65-то место од 142 анализирани држави.
-
Македонија 03.11.2015 11:38
Момче и девојка пронајдени мртви во мотел во Битола
Момче и девојка од Битола, Ѓ.И. (27) и К.И. (33), денеска се пронајдени мртви во мотел што се наоѓа во индустрискиот дел на градот.
Според СВР Битола, случајот го пријавиле вработени во мотелот откако забележале дека момчето и девојката подолго време не излегувале од собата.
-
Свет 03.11.2015 10:41
„Амнести Интернешнл“ ги обвинува Грција и ЕУ за бегалците
Весникот „Катимерини“ пишува дека Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнл“ ги обвинува Грција и Европската Унија за пасивност и недостиг на политичка волја за решавање на бегалската криза.
-
Свет 03.11.2015 10:23
Руската војска ја бомбардираше областа кај Палмира
Руската војска соопшти дека ја бомбардирала областа кај градот Палмира, упориште на Исламска Држава во Сирија. Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска Држава.
-
Економија 03.11.2015 10:12
Над 100.000 посетители на саемот „Купи куќа, купи стан“
Над 100 илјади грaѓани го посетиле саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржа од 29 октомври до 1 ноември, покажуваат податоците на Скопје Сити Мол. Согласно пиплкаунтерите, дневно во просек имало по 25.000 посетители.










