Времето во Македонија и во наредните денови без поголема промена. И утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен источен ветер.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.
Времето во Македонија и во наредните денови без поголема промена. И утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен источен ветер.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.
Германскиот весник „Билд“ објави доверлив интерен документ на Дојче Банка според кој потегот да и се прости на Грција долгот од 200 милијарди евра е скап, но и неизбежен и ќе мора да се случи до крајот на годинава.
Над 500 македонски компании имаат директна соработка и бенефит од отворените производствени капацитети на странските инвеститори, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Потпишан Меморандум за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Преку него ќе се восопостави експертска група за преземање мерки против недозволената трговија со оружје во Југоисточна Европа, ќе биде и регулиран начинот за заемна соработка.
Љубовни песни од македонската музичка традиција е концептот на концертот „Песни од срцата“ на Македонската филхармонија, што ќе се одржи утре во Македонскиот народен театар во 20 часот.
Европската унија на четири месеци ги укинува санкциите за околу 170 Белоруси, меѓу кои и претседателот Лукашенко.
Одлуката ќе биде во сила четири месеци, а е донесена откако Лукашенко во август помилува шестмина политички затвореници.
Ниските камати на штедните влогови се мотивација за граѓаните, вишокот пари да го вложат на Берзата.
Во наредниот месец и половина треба да биде потпишан договор со германската „Костал“. Фабриката ќе почне да се гради во првиот квартал од идната година, најави премиерот Груевски. Кон крајот на мај или почетокот на јуни треба да биде завршена фабриката на „ОДВ Електрик“.
Со мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција се обидуваме да надоместиме за изгубените години кои требаше да ги потрошиме за изградба на правни и практични основи за билатералната соработка, изјави македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов.
Македонија е една од 5- те наградени држави на Европската конференција за иновации и претприемиштво која се оддржа во Џенова, Италија. Земјава станува лидер во регионот по спроведувањето на реформите од оваа област, вели заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.